Не се двојат од фустанот на мама - кои се најголемите мамини синови според хороскопот?

Мамини синови, мамини галеничиња, мајкари… имаме многу називи за овие мажи кои, за жал, не успеваат да се одвојат од фустанот на мама.

Koi-se-najgolemite-mamini-sinovi-spored-horoskopot-01.jpg

Добро е да си знаете со кого си имате работа, а астрологијата некогаш е од голема помош по тоа прашање.

Кои се најголемите мамини синчиња според Зодијакот?

РАК

На емотивните Ракови им е потребно силното рамо на својата мајка да плачат за сè и сешто. Тие ќе им го прераскажат секој детаљ од својот ден и животот општо.

Редовно имаат маратонски телефонски повици, дури и рано наутро или доцна во ноќта. Кога се забавувате со таков дечко бидете свесни дека неговата мајка знае сè за вашиот љубовен живот и врска. Бидете многу внимателни.

ЛАВ

Лавовите се всушност самостојни и многу горделиви. Но, постои исклучок на ова – нивната мајка. Таа секогаш ќе ја има најважната улога во нивниот живот. Сè што таа ќе каже е „закон“, секој нејзин збор е алтан и има свое знаење и вредност.

Дури и кога Лавот е одамна иселен од дома, мајката одлучува за многу работи поврзани со неговиот живот. Со цел да биде во тек со сите настани во животот на своето синче, најмалку еднаш неделно се среќаваат на кафе, нормално без таткото.

СТРЕЛЕЦ

Мажите родени во знакот на Стрелец живеат прилично опуштен и безгрижен живот. Тие радо се опуштаат без да размислуваат за посериозни работи. Зошто?

Затоа што кога се случува нешто сериозно, за помош секогаш ѝ се обраќаат на својата мајка. Таа доаѓа понекогаш да им ги испере алиштата и да направи неколку јадења за деновите кои следуваат.

Стрелецот ја сака својата мајка, но таа му е истовремено потребно за сè во животот. Според него, животот без мама би бил многу посложен и позаморен.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Најголемите лаги што си ги кажуваме на самите себе, според хороскопскиот знак Стрелци - Често во глава ви се врти мислата дека некој се обидува да ви ја ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава