Лавот ќе држи монолог со часови, а вие треба да сте трпеливи - Како да се смирите со знаците после кавга или раскинување?

Астрологијата тврди дека го има одговорот кога станува збор за однесувањето на знаците после голема кавга или раскинување на врската.

Kako da se smirite-so-znacite-01.jpg

Со Лавот е најсигурно да не зборувате ништо додека не го заврши својот долг монолог. Скорпиите пак се големи лутковци и злопамтила, но не се индиферентни кон следните 2 работи после кавга – добар секс и многу пари.

Впрочем, како може да се смирите со секој од 12-те знаци во зодијакот после караница?

Овен

Овенот сака да ја контролира ситуацијата и сака да биде уверен дека е во целосна контрола над нештата. Ваше е да му кажете дека добро сте го слушнале, сте го разбрале и дека повеќе нема да се повтори она што се случило. Дури и да не се согласувате целосно со него, потребно е малку да попуштите, затоа што кога Овенот ќе стане свесен дека ја контролира ситуацијата и е моќен, само тогаш ќе попушти.

Бик

Многу тешко е да се смирите со Бик, можеби и најтешко од сите 12 знаци. Доколку го навредите, треба едноставно да му се извините и да му кажете дека бил во право и дека впрочем секогаш е. Ова можеби не е најздравиот пристап за смирување, но верувајте дека е единствениот начин како да го омекнете. Во спротивно, Бикот ќе тера инает со месеци, па и години додека не слушне дека тој е секогаш во право.

Близнаци

Како еден од најкомуникативните знаци, Близнаците сакаат секако вид на комуникација, а особена писмена. Доколку ви е тешко вербално да го изнесете проблемот, слободно напишете му порака или и-мејл. Близнаците впрочем се одлични дипломати кои може да го разгледаат проблемот од двете страни. Само доколку истакнете дека ги почитувате, тие ќе се согласат дека едноставно имате различни ставови, но и тоа е во ред.

Рак

Ракот ќе се налути и повлече кога ќе се почувствува несигурно и понижено. Лесно ќе се смирите со него доколку му кажете дека секогаш ќе бидете на негова/нејзина страна и тука за нив. Раковите се по малку самобендисани, иако се обидуваат да не се претставуваат како такви. Сакаат ласкања и комплименти, па нема да биде лошо да им дадете неколку, но сепак бидете искрени и реалистични.

Лав

Сакате да вежбате трпение? Обидете се да го направите тоа додека сте во кавга со Лавот. Ќе мора да бидете тивки и трпеливи додека тој го заврши своето излагање, монологот што се чини дека нема крај. Сепак, ваквата тивка покорност на крајот ќе ви се исплати, затоа што Лавот е еден од ретките што брзо се смируваат и кавгата потоа за нив е завршена работа. Ниту ќе се сеќаваат на неа ниту ќе ја споменат некогаш. Лавот едноставно нема време да биде злопамтило.

Девица

Слично како и Бикот, и Девиците се особено тежок знак за смирување после кавга. Кога се лути стануваат индиферентни и прекинуваат секако тип на комуникација. Можеби мислите дека сè е во ред, но Девицата се подготвува за лута и опасна одмазда. Што сакаат да слушнат Девиците после кавга? Дека се во право, а вие сте избрзале со зборовите. Тие ќе ви потврдат дека јазикот ви е побрз од мислите, а вие правете се дека навистина е така доколку сакате да го продолжите животот во мир.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Една работа што ви е најпотребна во животот, според хороскопот Раковите се емотивни, па затоа сакаат покрај себе да имаат некој што ќе се грижи...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg