Лавот ќе држи монолог со часови, а вие треба да сте трпеливи - Како да се смирите со знаците после кавга или раскинување?

Вага

Вагата е знак кој речиси по секоја цена одбегнува кавги и конфликти. Слично како и Близнаците, и Вагите се големи дипломати и умеат да ја разгледаат ситуацијата од различна перспектива. Доколку ги поканите на пијалак со задоволство ќе прифатат да разговарате за проблемот и евентуалното помирување. Тие ќе останат трезвени и достоинствени, никогаш нема да ги видите како викаат премногу гласно или прават несоодветна сцена во јавност.

Скорпија

Сакате невозможна мисија кога станува збор за смирување со некого? Скорпијата е тој „некого“. Тие се одмаздољубиви, живеат за да ви вратат „мило за драго“ и нема да се смират додека не го истераат своето. Она што може да ги поколеба се пари и секс. Да, навистина може да ги „купите“ со овие 2 работи. Дотогаш тие нема да престанат да ве тероризираат во секоја смисла на зборот. Ќе се смират со вас само доколку им (по)кажете дека се помоќни од вас, односно доминантни и дека длабоко се каете затоа што сте ги навредиле.

Стрелец

Можеби на прв поглед не изгледа така, но Стрелците обожаваат кавги и расправии. Тие се во состојба да го дискутираат проблемот со часови, да се вртат во круг, па на крајот нема ни да знаете како воопшто почнала кавгата. Кој е во право, а кој е виновникот, нема да го дознаете ниту ова. Затоа најдобро е да се оддалечите од Стрелецот во моментот кога ќе ја започне расправијата и да почекате подобри денови кога ќе комуницирате со него.

Јарец

Јарецот е навистина тежок знак кога се лути. Се оддалечува, станува студен и некомуникативен. Ќе се изненадите ли многу доколку слушнете дека обожаваат добар хумор и може да се обидете да ги насмеете за да ја ублажите напнатоста во ситуацијата? Доколку ги потсетите на некоја забавна случка од минатото тие ќе омекнат и ќе можете полесно да им пристапите.

Водолија

Водолијата по природа не е лутка. Лесно може да се смирите со неа доколку ја вовлечете во дискусија за филозофија, религија, нешто длабоко, наместо површни и плиткоумни теми на разговор. Ќе им го одвлечете вниманието од кавгата што и онака не сакаат да ја имаат. Водолијата смета дека има толку многу попаметни работи на кои може да ја троши енергијата, наместо на некоја бесмислена кавга, лутење и навреди.

Риби

Рибите се по малку нестабилни и не сакаат промени. Нивниот најголем страв е дека другата личност во кавгата толку многу ќе избувне, што ќе се изгуби шансата за мирен и цивилизиран дијалог. Бидејќи се несигурни во себе, бараат некој што ќе им го храни егото, ќе им повторува дека ги сака и дека на некој начин се во контрола на ситуацијата. Само вака ќе избегнете кавга од епски размери со многу солзи, плачење и себесожалување од страна на Рибите.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Една работа што ви е најпотребна во животот, според хороскопот Раковите се емотивни, па затоа сакаат покрај себе да имаат некој што ќе се грижи...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg