Кој е вашиот елемент според кинескиот хороскоп и што открива за вас?

Покрај знакот, во кинеската астрологија секоја личност и има и свој елемент – оган, земја, вода, метал или дрво.

koj-e-vashiot-element-spored-kineskiot-horoskop-i-shto-otkriva-za-vas-01.jpg

Во кинескиот хороскоп, вашиот знак зависи од годината во којашто сте родени. Но, за подетална анализа на карактерот, секоја личност си има и свој елемент.

Ако на пример, сте родени во годината на зајакот, а вашиот елемент е оган, тогаш ќе ве опишуваат поразлични карактеристики од личност родена во годината на зајакот, но со елемент дрво.

Елементот во кинескиот хороскоп се одредува според последната бројка од годината во којашто сте родени – ако сте родени во 1992, тогаш треба да видите кој елемент одговара за бројот 2.

Откријте кој е вашиот елемент и што кажува за вас:

Оган – години што завршуваат со 6 и 7

Огнот се смета за агресивен елемент, па овие луѓе се директни и неретко се лидери. Истовремено, тие се одликуваат со дарежливост и добрина – особини кои им помагаат да го постигнат посакуваниот успех.

Нормално, постојат и негативни карактеристики. Луѓето со елемент оган можат да бидат љубоморни и гневни. Ако овие карактеристики се изразени, може да ви биде тешко да направите некоја услуга или да помогнете некому без нешто за возврат.

Ако вашиот елемент е оган, важно е да воспоставите рамнотежа во животот и повеќе да се фокусирате на убавите нешта.

Земја – години што завршуваат со 8 и 9

Луѓето со елемент земја се практични, искрени и сочувствителни. Истовремено тие се и многу грижливи.

Секогаш ги земаат предвид потребите на другите, но неретко поради ова ги запоставуваат своите потреби.

Ако вашиот елемент е земја, мора да водите подобра грижа за себе и да се фокусирате и на вашите физички, ментални и емотивни потреби.

Метал – години што завршуваат со 0 и 1

Луѓето со овој елемент се силни и цврсти, како челик.

Тие се независни, тврдоглави и многу посветени на своите цели, поради што некогаш делуваат како напорни личности.

Бидејќи не сакаат да покажат слабост, неретко ги кријат своите емоции и одбиваат да се справат со нив.

Ако вашиот елемент е метал, мора да научите да ги прифаќате промените, да сфатите дека немате сила за сè, но и да престанете да се навраќате на минатото.

Вода – години што завршуваат на 2 и 3

Овие луѓе се креативни и чувствителни. Повеќе од кој било друг, тие се потпираат на нивните емоции.

За нив, најважни се семејството и саканите, а неретко се и доста друштвени.

Луѓето со елемент вода се како магнет кој ги привлекува сите.

Ако ова е вашиот елемент, секогаш споделувајте ги вашите емоции и дозволете си да ја искористите вашата креативност.

Дрво – години што завршуваат на 4 и 5

Дрвото симболизира раст и ентузијазам, што значи овие луѓе постојано созреваат и се надградуваат себеси.

Тие не се плашат од ризици и можат да направат огромни промени ако го наумат тоа.

Овие луѓе се со натпреварувачки дух, но некогаш се соочуваат со негативни емоции како обесхрабрување или гнев.

Ако вашиот елемент е дрво, морате да научите да го контролирате гневот и да го пренасочите во нешто корисно.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg