Близнаците бираат помали станови, Девиците сакаат да бидат блиску до пазарот – каков дом преферирате според знакот?

Ако ѝ веруваме на астрологијата, секој хороскопски знак сака да живее на одредено место, односно локација која најмногу му одговара.

Kakov-dom-preferirate-spored-znakot-01.jpg

Каков станбен простор и каква енергија на живеење преферира секој човек според хороскопскиот знак?

Овенот ќе избере станбена зграда која е лоцирана на агол, по можност од фасадна тула во црвена боја.

Бикот сака да живее во куќа или зграда лоцирана во близина на банка, ресторан или парк.

Близнаците преферираат помали станови, но терасите им се многу важни.

Ракот сака да се „шири“, а доколку не е сместен во голема приватна куќа, тогаш бира стан покрај вода, базен или езеро.

Лавот сака да биде во центарот на настаните, на плоштад, на највисоката точка на ридот, во простор кој е многу осветлен.

Девицата ќе најде стан во близина на пазар, здравствен дом или трговски центар.

Вагата обожава кружни форми, но и уметност, па просторот за живеење ќе си го најде во деловите од градот каде што е застапена оваа симболика, без разлика дали се работи за кружен тек, згради со кружни прозорци или во непосредна близина на уметнички галерии.

Скорпијата ќе избере дом во близина на река, подземни води, гробишта или чудни, напуштени објекти. Нема да ѝ пречи да живее во подрумска просторија или на приземје.

Стрелецот сака од станот да гледа директно на автопат, хиподром или да биде во близина на образовна институција.

Јарците најчесто ќе ги најдете во стара, трошна зграда или стан, во запуштениот дел од градот. Во близина може да се најде суд, казнено-поправен дом или значаен споменик.

Водолијата преферира да живее на горните катови, во близина на трафостаница, железница, трамвај или аеродром.

Рибите најчесто одбираат поткровје, а сакаат да имаат дом во близина на црква, болница, аптека или бензинска пумпа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...

Најчитани неделава