Како да му соопштите лоша вест на секој хороскопски знак (и каква реакција да очекувате)?

kako-da-im-soopshtite-loshi-vesti-na-sekoj-od-horoskopskite-znaci-kogo-go-fakja-panika-a-koj-dozhivuva-nerven-slom-02.jpg

Вага

Можете да бидете директни, но бидете подготвени дека ќе треба да им дадете и утеха.

Ништо не ги излудува Вагите повеќе од сознанието дека го загубиле балансот. По секоја лоша вест, Вагите можеби изгледаат цврсто, но во себеси паничат дека нема да успеат повторно да воспостават баланс во ситуацијата.

Скорпија

Ако вие сте тие што згрешиле и придонеле да се случи нешто лошо веднаш извинете се и покажете дека навистина го мислите тоа.

Скорпиите се познати дека отворено го покажуваат сопствениот гнев по добиените лоши вести, а во никој случај не сакате тие емоции да бидат насочени кон вас.

Стрелец

Прво објаснете им што се случило. Раскажете ја целата ситуација до најситен детаљ, за да имаат можност да размислат дали може нешто да направат за да ја променат ситуацијата.

На крај, можете да им ги соопштите лошите вести, но задолжително напомнете им дека што и да се случи ќе бидете со нив.

Јарец

Размислете добро кои зборови ќе ги употребите. Можете да бидете директни, но внимавајте да не бидете премногу груби и бесчувствителни.

Додека ве слушаат тие веднаш размислуваат како да се справат со ситуацијата и не треба да ве изненади ако веднаш имаат план Б со кој ќе ги решат проблемите.

Водолија

Обидете се прво да им ги соопштите добрите вести во ситуацијата, а потоа лошите.

Водолиите се познати паничари, а тоа што ќе им посочите дека има нешто добро во ситуацијата, ќе им помогнете да не го поднесат толку лошо ударот.

Риби

Рибите може да не покажат никаква слабост, но во нивните очи ќе забележите дека не им е сеедно за вестите што ги слушаат.

Ако останете со нив, очекувајте да бидете сведок на силните емоции што потоа ќе следат. Брзо ќе ви стане јасно дека можеби е подобро да си заминете, да им дадете простор прво самите да ја прифатат ситуацијата, а потоа да им се јавите и да ги прашате како може да им помогнете.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Финансиски хороскоп за септември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Скорпија - До крајот на септември ќе успеете нешто да заштедите, но немате довол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg