Каков партнер му треба на секој хороскопски знак (за бракот да трае долго)?

so-kakva-lichnost-kje-stapite-vo-brak-spored-horoskopskiot-znak-za-da-ostanete-zaedno-zasekogash-02.jpg

Вага – Секогаш подготвен да излегува со вас

Бараат луѓе што имаат одлични комуникациски вештини како нив самите.

Ќе стапат во брак со човек што знае одлично да се изразува, што е отворен и забавен. Секако, мора да биде и привлечен.

Многу ви е важно тоа да биде личност што секогаш сака да излегува и нема да му пречи да доаѓа со вас на голем број настани: од забави до концерти и театарски претстави.

Скорпија – Мистериозна личност

Бараат мистериозни, бунтовни и помалку опасни личности и тоа воопшто не зачудува со оглед на тоа што Скорпиите се познати по тоа што се мошне тврдоглави, посесивни и помалку традиционални.

Бараат личност со која постојано ќе можат да играат психолошки игри за да докажат кој е доминантен во врската, а многу им е важно меѓу нив да има силна хемија и привлечност.

Стрелец – Филозоф

На Стрелците им е потребен партнер со кого можат да ги делат сите авантури и патувања и бараат некој со кого можат да делат филозофски разговори.

Стапуваат во брак со личност што е искрена, духовна и има смисла за хумор. Таа личност ќе им биде најдобар пријател, ментор и водич, а не некој што ќе им биде сопирачка или товар.

Јарец – Амбициозна личност

За нив годините се само број, па кога ќе ја најдат вистинската личност што е доволно амбициозна и има определени цели во животот, лесно одлучуваат да стапат во брак.

Јарците се познати по тоа што не сакаат авантури туку веднаш бараат сериозни врски, а свесни се дека за добриот однос со партнерот треба да вложат многу труд и подготвени се да се посветат на тоа.

Водолија – Некој непредвидлив

Потребна им е личност што ќе ги заинтригира уште во првиот момент кога ќе се запознаат затоа што ќе биде возбудлива, поинаква и непредвидлива.

Најверојатно тоа ќе биде личност што ќе шокира голем број луѓе, со која никогаш нема да ви биде здодевно и ќе знае да ве возбуди емотивно, ментално и во спалната соба.

Исто така, многу ви е важно тоа да биде личност што сака да експериментира и да пробува нови работи.

Риби – Личност што треба да ја спасите

Вам ви се привлечни романтични личности, што се романтични и чувствителни. Често сте тука за да им помогнете на луѓето во неволја и ако некому му треба да го спасите веднаш сте тука за него.

Од друга страна сакате личност што секогаш ќе биде тука за вас, да ви помогне кога ви е тешко. Само така ќе имате совршен брак.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...

Најчитани неделава