Каков партнер му треба на секој хороскопски знак (за бракот да трае долго)?

Девица – Ви треба личност што ќе ги почитува вашите граници, но ќе знае како да внесе креативност и хумор во вашиот едноставен свет.

so-kakva-lichnost-kje-stapite-vo-brak-spored-horoskopskiot-znak-za-da-ostanete-zaedno-zasekogash-01.jpg

Според астролозите секој хороскопски знак треба да избере личност што ќе има разбирање и сфаќање за неговите потреби и карактеристики, а со таквата личност бракот ќе трае долго.

Каков тип на личност е идеален за вас според хороскопскиот знак и со каква личност би можеле да останете засекогаш?

Овен – Секогаш подготвен за акција

Вам ви е потребен некој што ќе ве следи во секој чекор. Ќе стапите во брак со личност што исто како вас секогаш е подготвен за нови авантури и што има натпреварувачки дух.

За вас е важно до вас да имате силна личност, што сака да спортува, да победува и секогаш да биде подготвена за нови предизвици.

Бик – Силна личност со голем апетит

Личноста со која сакате да стапите во брак ќе биде приземна личност со силна волја, но истовремено и мошне сензуална личност што сака да ужива во животот и што е голем гурман.

Барате личност што ќе направи секогаш да се чувствувате сигурно и поддржувано, што секогаш ќе ви го чува грбот.

Близнаци – Добар соговорник

Ве привлекуваат личности што се интелигентни, па најверојатно ќе стапите во брак со личност што е добар соговорник со која животот никогаш нема да ви е здодевно.

Вие честопати останувате верни во бракот, затоа што за животни сопатници бирате личности кај кои ве привлекува интелектот, а не физичкиот изглед.

Рак – Некој што ви нуди сигурност

Ве привлекуваат чувствителни луѓе што можат да ве разберат, а барате партнери кои со вас ќе се однесуваат како да ви се родители.

Не мора да значи дека барате повозрасна личност, туку само некој покрај кого ќе се чувствувате емотивно и финансиски сигурно.

Лав – Харизматична личност

Сакате да бидете во центар на вниманието, но секогаш сте подготвени да ја поделите сцената со некој што е ваша сродна душа.

За животен сопатник најверојатно ќе изберете личност што има шарм и харизма и која е физички привлечна.

Освен тоа, мошне ви е важно да најдете личност што дарежлива, љубезна и секогаш знае да ја разбере вашата потреба за да се истакнете.

Девица – Личност што е способна за сѐ

Ви треба личност што ќе ги почитува вашите граници, но ќе знае како да внесе креативност и хумор во вашиот едноставен свет.

Барате интелигентна, љубезна личност, што е уредна и педантна и која знае да ве смири во напнати ситуации.

Барате личност што ќе се однесува примерно и културно во јавност, но ќе знае да ја покаже својата бунтовна страна зад затворени врати.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg