Направи сам: Убава рамка за чување драги работи

Не ги фрлајте старите рамки за фотографии, бидејќи со малку труд тие можат да станат најубавиот предмет во вашиот дом...

hizica polica11-040215 1

Не ви е потребно ниту многу време ниту многу труд, туку само со малку креативност и фантазија ќе добиете прекрасна рамка за чување на некои драги работи:

Потребен материјал:

  • Стара рамка
  • Сунѓер
  • Четка
  • Лепило
  • Акрилна боја
  • Парче декоративен тапет
  • Парче од стари фармерки

Начин на изработка:

1. Обојте ја старата рамка

Со помош на четка или сунѓерче обојте ја старата рамка во боја по избор.

napravi-sam-ubava-ramka-za-cuvanje-dragi-raboti-2


2. Залепете ја декорацијата

Измерете колку ви е потребно од декоративниот тапет или друга тврда хартија по избор и со лепило залепете го за рамката.

napravi-sam-ubava-ramka-za-cuvanje-dragi-raboti-3


3. Исечете букви

Од стари фармерки исечете едно парче ткаенина за буквите „Home”, секако по желба можете да направите и некои други букви. Откако ќе ги направите буквите залепете ги на врвот од рамката, но подобро е да употребите јако лепило или силикон. Оставете ги потоа неколку минути за убаво да се залепат.

napravi-sam-ubava-ramka-za-cuvanje-dragi-raboti-4


4. Исенчајте ги рабовите

На сунѓерче нанесете малку акрилна боја, па тријте на страните преку рабовите од рамките. Така некое време нежно сенчајте ги рабовите.

napravi-sam-ubava-ramka-za-cuvanje-dragi-raboti-5


5. Финална фотографија

napravi-sam-ubava-ramka-za-cuvanje-dragi-raboti-1

Би можело да ве интересира:

Креативна Македонка направи сама адвент календар за децата - тетрапак пакувањата ги претвори во куќи... Ружица Крстева е мајка на три деца која годинава се надмина со направи сам израб...
„Украсив елка стара 40 години“ - Македонка ја врати магијата од минатото, со шарена елка и различни ... „Ја украсив мојата елка, која е стара 40 години, со лампионите и лентите, зачува...
Бизарна кукла со труднички стомак и „бебе во плодова обвивка“ ги згрози инстаграмџиките (фото+видео... Бебето е сместено во „силиконска матка“ (потопено во гел), со што се имитира раѓ...

Најчитани неделава