Практично или не: Седиште за деца во автомобил

Волво го претставува својот најнов дизајн на детско седиште кое по својата природа е модуларно и е наменето за нивниот модел XC90. Дизајнирано е и креирано со цел подобрување на ергономијата на автомобилот и подобрување на заштитата на бебињата.

najmalite-kje-uzivaat-vo-noviot-koncept-na-bebeshko-sedishte-01.jpg

Дизајнерите го создале овој потполно нов концепт на седиште за бебиња кој подразбира навалување на совозачкото седиште и на негово место се поставува модулот кој служи како основа за бебешкото седиште.

Првата и основна предност на оваа конфигурација е тоа што бебето ќе има постојан контакт со мајката која на еден начин се наоѓа на задното седиште од возилото. Постои можноста и за поедноставна и побрза ротација на седиштето доколку има потреба од побрз пристап до новороденчето.

„На прво место ни беше безбедноста на бебето, но и визуелната поврзаност со родителите во текот на возењето. Што е навистина важен аспект од созревањето на најмалите“ – објаснуваат одговорните на Волво.

najmalite-kje-uzivaat-vo-noviot-koncept-na-bebeshko-sedishte-1.jpg

„Покрај тоа, до него се наоѓа и потпирач кој постојано го држи топло млекото на бебето“.

Сега за сега, одговорните лица на Компанијата велат дека седиштето ќе биде возможно само за моделот XC90.

najmalite-kje-uzivaat-vo-noviot-koncept-na-bebeshko-sedishte-2.jpeg

Ви изгледа попрактично од стандардните седишта?

Би можело да ве интересира:

Чоколадно кафеава е новиот тренд за луксузно новогодишно украсување за сезона 2025/26 (фото) Изгледа годинава многумина ќе се откажат од цревната и златна боја – насекаде ќе...
9 бесмислени дизајнерски решенија во лифтови – ќе помислите дека некој се шегува со вас (фото) Знак за лифт каде што нема лифт или лифт од кој излегувате и пред вас има дупка,...
Креативна Македонка направи сама адвент календар за децата - тетрапак пакувањата ги претвори во куќи... Ружица Крстева е мајка на три деца која годинава се надмина со направи сам израб...
Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нуди...
Уникатни дезени на секојдневни предмети од креативни дизајнери (фото) Капаче од сок од портокал во форма на портокал, фасада на архитектонско студио ш...
Браво! Талентирана девојка од Скопје создава нереални мурали на зградите и по локалите кај нас „Често луѓето ја гледаат само финалната слика, но зад секој мурал стојат часови ...

Најчитани неделава