Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Малку поинакви новогодишни елки

Во шаренилото од новогодишни украси кои можеме да ги забележиме насекаде во овој период од годината посебно место секогаш имаат елките. Големи, мали, зелени, бели, накитени со разнобојни лампиони, осветлени од огромен број сијалички во сите можни бои.

malku-poinakvi-novogodisni-elki-01.jpg

Но, што би рекле кога пред вас ќе се појави елка составена од вистински луѓе или елка направена од лего коцки или елка која плови низ вода?

Секоја година голем број на луѓе се обидуваат да смислат нешто ново кое ќе даде еден нов и сосема поинаков сјај на новогодишната магија.

Овие фотографии покажуваат колку далеку може да оди човечката имагинација кога се работи за еден едноставен украс како што е елката:

1. Лего елка во Мелбурн

Секоја година компанијата „Лего“ прави елка во некој од градовите низ Австралија (оваа година тоа е Мелбурн). За изработката на оваа елка висока речиси 10 метри биле потребни 13.195 делови и 3.456 сијалички за нејзино осветлување.

malku-poinakvi-novogodisni-elki-1.jpg


2. Распеаната жива елка

Да, тоа се луѓе и да, имаат ангелски гласови. Елката претставува долгогодишна традиција за членовите на хорот на американското училиште „Mona Shores“ која секоја година брои 275 членови распоредени на 15 нивоа со цел создавање на 20 метарска елка осветлена од 25.000 сијалички.

malku-poinakvi-novogodisni-elki-2.jpg


3. Елка од буриња со пиво

„Genesee Brewery“ се погрижи да им приреди посебно изненадување на љубителите на пиво. Елката вклучува 428 буриња пиво и е висока речиси 8 метри.

malku-poinakvi-novogodisni-elki-3.jpg


4. „Pac-Man“ елка

Сите љубители на видео игри со сигурност ќе се заљубат во оваа елка која ја претставува една од најдобрите игри на сите времиња. Елката се наоѓа во Мадрид, Шпанија и доколку отидете таму ќе имате можност да изиграте партија „Pac-Man“ на самата елка.

malku-poinakvi-novogodisni-elki-4.jpg


5. Елка која плови низ вода

Доколку поминувате покрај лагуната Родриго де Фреитас во Рио де Жанеиро во Бразил за време на новогодишните празници, ќе видите новогодишна елка висока 85 метри како плови низ неа. Сигурно нема да се изненадите ако ви кажеме дека истата е сопственик на Гинисовиот рекорд за највисока елка која плови низ вода.

malku-poinakvi-novogodisni-elki-5.jpg


6. Елка за велосипедисти

За изработката на оваа елка биле искористени повеќе од 150 стари велосипеди. Елката се наоѓа во Роторуа, Нов Зеланд и преку ваквата елка градот се надева дека ќе стекне поголема популарност како една од најдобрите дестинации за велосипедистите.   

malku-poinakvi-novogodisni-elki-6.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шахти со кул цртежи и уште 11 неверојатни дизајни на јавни места низ светот Ветеринарна клиника со фасада во форма на куќарка за куче, автобуска станица во ...
Автобус, авион: Луѓе си направиле прекрасни домови од превозни средства (фото) Ако сте вљубеници во авантура и необично искуство, тогаш дефинитивно ќе ви се до...
Најдобрите реклами на Durex кои заслужуваат медал за креативност (фото) „Оваа сезона, завиткајте го добро вашиот подарок. Среќен Божиќ!“. „На сите кои г...
Нова техника со кромид за велигденски јајца како уметничко дело (видео) Не станува збор за добропознатата техника со лушпи од кромид, туку модифицирана ...
Нова техника за уникатни велигденски јајца – со чај од хибискус и алуминиумска фолија (видео) Со оваа техника велигденските јајца ќе ви изгледаат елегантно и уникатно, а се п...
11 моќни дела на улична уметност кои се доказ дека сликата вреди повеќе од зборови Корупција, забранети задоволства, неправда, уништување на животната средина за м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg