9-годишно талентирано момче декорира ресторан со неговата уметност
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
RECEPCIONERI/KI 27-01-2020
Планер 27-01-2020


9-годишно талентирано момче декорира ресторан со неговата уметност

Секогаш треба да ги поддржувате вашите деца и нивните таленти, а ако го правите тоа, можат да се случат навистина неверојатни нешта.

9-godishno-momche-dekorira-restoran-so-negovata-umetnost-01.jpg

Токму ова го докажува интересната приказна на 9-годишниот Џо Вејл. Родителите на ова мало момче го охрабрувале да продолжи со цртање, дури и откако се нашол во неволја бидејќи цртал на час.

9-godishno-momche-dekorira-restoran-so-negovata-umetnost-02.jpg

Училишните тетратки на Џо се исполнети со негови цртежи, но ова не им се допаѓало на наставниците, па тој често бил опоменуван.

9-godishno-momche-dekorira-restoran-so-negovata-umetnost-03.jpg

Сепак, неговите родители го забележале талентот и го испратиле на часови по цртање. На тамошниот наставник му се допаднале делата на Џо, па тој ја споделил неговата уметност на Instagram.

Младиот уметник веднаш бил забележан од вработените во ресторанот Number 4. Па, тие го поканиле да го декорира ресторанот.

9-godishno-momche-dekorira-restoran-so-negovata-umetnost-04.jpg

9-godishno-momche-dekorira-restoran-so-negovata-umetnost-05.jpg

На Џо му биле потребни околу 12 часа за да го исцрта ѕидот во ресторанот.

Според таткото на Џо, Грег, тој отсекогаш сакал да црта, а уште на 4-годишна возраст бил додаден во листата со надарени деца од неговото училиште.

„Сакаа Џо да отиде во нивниот ресторан и да направи уметничко дело на ѕидот. Му кажав на Џо и тој веднаш прифати. Па, после училиште одевме во ресторанот, каде што тој црташе по неколку часа.“

9-godishno-momche-dekorira-restoran-so-negovata-umetnost-06.jpg

9-godishno-momche-dekorira-restoran-so-negovata-umetnost-07.jpg

9-godishno-momche-dekorira-restoran-so-negovata-umetnost-08.jpg

Денес Џо е познат како The Doodle Boy и има свој веб-сајт и профили на социјалните мрежи.

Неговите родители се особено горди на него и ги советуваат сите да ги поддржуваат нивните талентирани деца.

9-godishno-momche-dekorira-restoran-so-negovata-umetnost-10.jpg

Џо е дефинитивно на пат да стане професионален уметник.

Извор

Би можело да ве интересира:

Мајка со креативни раце прави чуда од храна за нејзиниот син (фото) Една мајка смислила навистина креативен начин да минува повеќе време со нејзинио...
Кафуле во Сингапур го служи шеќерот како магично облаче над шолја кафе (фото) Ако мислите дека не може да имате посладок ритуал за кафе од сегашниот, ова кафу...
Генијални дизајни за ентериер што ќе ги посакате во вашиот дом Убавиот мебел, особено ако е со повеќе функции, може да го направи секој дом поу...