Кралицата Елизабета го украси замокот Виндзор и ја покажа огромната елка (фото)

И покрај сите контроверзии што периодов го опкружуваат британското кралско семејство, кралицата Елизабета не се откажува од новогодишните прослави.

kralicata-elizabeta-go-ukrasi-zamokot-vindzor-i-ja-pokazha-ogromnata-elka-01.jpg

Како што можеме да видиме од последните фотографии од замокот Виндзор, новогодишните украси се веќе наместени. Најголемо внимание привлекуваат двете елки со висина од над 4 метри, од кои едната е набрана од паркот на замокот.

Делови од замокот ќе бидат отворени и за јавноста, и до 5-ти јануари секој посетител ќе може да ужива во декорациите.

Минатата година кралицата се пошегува дека сите внуци и правнуци сакале да ги растураат декорациите.

„Најдоброто решение е да ги натерам самите да декорираат – тогаш се многу повнимателни“, изјави кралицата.

Покрај декорациите во замокот, кралицата помогна во декорирањето на неколку училишта и цркви, за кои донира божиќни елки.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Украсив елка стара 40 години“ - Македонка ја врати магијата од минатото, со шарена елка и различни ... „Ја украсив мојата елка, која е стара 40 години, со лампионите и лентите, зачува...
Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нуди...
Бизарна кукла со труднички стомак и „бебе во плодова обвивка“ ги згрози инстаграмџиките (фото+видео... Бебето е сместено во „силиконска матка“ (потопено во гел), со што се имитира раѓ...

Најчитани неделава