Креативна мајка им направи училница на своите 4 деца дома, со мебел од IKEA


Креативна мајка им направи училница на своите 4 деца дома, со мебел од IKEA

Изморена од хаосот кој владеел дома, една жена од Англија им направила училница во празна соба од домот на своите деца кои следат онлајн настава, а целиот проект со мебел од ИКЕА ја чинел околу 360 долари.

zhena-od-anglija-im-napravila-uchilnica-na-svoite-chetiri-dechinja-koi-sledat-onlajn-nastava-foto01.jpg

Кога започна пандемијата и почнаа да се затвораат училиштата, скоро сите родители се најдоа во малку незгодна ситуација – колку-толку, мораа да ја преземат улогата и на наставник.

Во многу држави, исто како кај нас, училиштата почнаа со онлајн настава, а бидејќи и многу родители почнаа да работат од дома, сигурно не им беше лесно да се справат со целата ситуација.

Кога станува збор за помали деца, веројатно не е воопшто лесно да ги натерате да внимаваат на часот додека се дома, но една жена од Англија нашла одлично решение. 36-годишната Емили Веб имала празна соба во домот, па решила да ја претвори во училница за нејзините деца.

zhena-od-anglija-ima-napravila-uchilnica-na-svoite-chetiri-dechinja-koi-sledat-onlajn-nastava-foto-08.jpg

Емили е мајка на четири деца, од кои три следат онлајн настава, па не ѝ било лесно да се справува со сите. Таа вели дека во целиот дом владеел хаос од книги, тетратки и играчки, и сфатила дека мора да направи нешто.

„За време на првиот локдаун, се фокусиравме на двете постари деца кои почнаа со онлајн настава и им ги подготвивме детските соби. Со овој локдаун, и другата ќерка почна да следи онлајн настава“.

zhena-od-anglija-ima-napravila-uchilnica-na-svoite-chetiri-dechinja-koi-sledat-onlajn-nastava-foto-03.jpg

Најмалата ќерка на Емили е прво одделение, па ѝ треба помош со училишниот материјал, додека синчето, кое е најмало од сите, не оди на училиште, па Емили морала да се фокусира и на него. Тогаш сфатила дека празната соба во домот ќе биде одлично место за училница, но и еден вид градинка – двете постари ќерки ќе имаат простор за учење, синчето ќе може да си игра таму, а таа ќе може да ѝ помага на најмладата ќерка со материјалот.

„Првата недела од локдаунот беше хаос – трчав од соба во соба обидувајќи се да им помагам на ќерките, а во исто време да си играм со синчето“.

zhena-od-anglija-ima-napravila-uchilnica-na-svoite-chetiri-dechinja-koi-sledat-onlajn-nastava-foto-04.jpg

Емили вели дека за да ја направи училницата потрошила околу 360 долари. Таа купила евтини полици од IKEA, како и кутии и корпи во кои децата ќе можат да го чуваат училишниот материјал.

„Училницата ни е одлично организирана. Сè што им треба на децата е складирано во кутии и корпи и е лесно достапно. Учењето од дома стана вистинско задоволство, бидејќи сега сме добро подготвени за тоа. Децата, пак, се вљубени во новата соба“, вели Емили.

zhena-od-anglija-ima-napravila-uchilnica-na-svoite-chetiri-dechinja-koi-sledat-onlajn-nastava-foto02.jpg

zhena-od-anglija-ima-napravila-uchilnica-na-svoite-chetiri-dechinja-koi-sledat-onlajn-nastava-foto-06.jpg

Откако го споделила својот проект на Фејсбук, Емили добила лавина позитивни коментари, најмногу од родители кои биле воодушевени од идејата.

„Навистина ми се допаѓа што имав толку позитивни коментари. Имав можност да разговарам со многу родители за тоа како да си направат училница и каде можат да најдат евтин материјал за тоа“.

Креативната мајка вели дека сега, онлајн наставата не претставува никаков проблем, а децата биле воодушевени што можат да учат и да си играат во иста соба.

zhena-od-anglija-ima-napravila-uchilnica-na-svoite-chetiri-dechinja-koi-sledat-onlajn-nastava-foto-09.jpg

Па, родители, ако имате деца кои следат онлајн настава и празна соба во домот, ова е одличен начин за полесно да се справите со целиот хаос.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ja уредите собата за вашето дете ако не го знаете полот? Планирате да уредувате соба за вашето дете кое го очекувате, но сѐ уште не го зн...
Совршена за изолација – како изгледа подземна куќа од 2 милиони долари? (фото) Ако сакате вистински да се изолирате од светот и при рака имате 2 милиони долари...
Забавни техники за фарбање на шарени велигденски јајца Откако ги обоивте црвените јајца, време е во корпата да додадете малку бои и дез...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg