Реалност во скопска фирма: Еден кандидат дојде на интервју во тренерки, другиот си зборуваше на телефон – што мислите, кој се вработи?

Колку е важен првиот впечаток? Ако зборуваме генерално, вистината е дека тој е навистина важен и како што велат „нема втора шанса за прв впечаток“.

edniot-kandidat-ni-dojde-na-intervju-vo-trenerki-i-patiki-a-drugiot-ni-gestikulirashe-da-molchime-dodeka-zboruva-na-telefon-shto-mislite-koj-od-niv-se-vraboti-01.jpg

Тука не зборуваме за тоа дали некој е облечен во скапа и брендирана облека, туку за тоа кој како се однесува и се труди да изгледа уредно.

Во секојдневниот живот, на сите може да ни се случи да „утнеме“ поради лош ден, брзање при спремање и да оставиме впечаток на некултурна, несредена и неодговорна личност.

Но, дали тоа може да си го дозволиме на интервју за работа?

Во нашата фирма пуштивме оглас за вработување на лице во IT секторот.

Стигнаа многу биографии и по неколкучасовна селекција, одбравме кандидати кои ги викнавме на интервју.

Двајца кандидати навистина ми оставија впечаток и оттука се инспирирав да ја отворам темата со оставањето на првиот впечаток.

Едниот кандидат, кој имаше извонредно портфолио и кој во нашите глави го замисливме како навистина голем IT експерт, дојде на првото интервју облечен во тренерки и патики.

Тренерки и патики! Ова го пишувам, затоа што во мојата 13-годишна кариера, сѐ уште не сум сретнала лик кој доаѓа на интервју облечен како да оди на трчање.

Ме фаќа смеа и додека го пишувам ова, зашто после разговорот, колегите ме имитираа каква фаца сум направила.

Искрено, не се мешам во изборот на гардероба на вработените, но сепак мора да се има некое ниво на облекување, во локален маркет се трудат да се облекуваат соодветно, а камо ли во фирма, со канцелариска работа.

Колку треба да не се оптеретуваш, за да се појавиш така на интервју за работа?

Типот беше врв, очигледно стручен, опуштен, комуникативен, сè си беше во ред, ама мене погледот ми беше во неговите патики и дуксерчето.

edniot-kandidat-ni-dojde-na-intervju-vo-trenerki-i-patiki-a-drugiot-ni-gestikulirashe-da-molchime-dodeka-zboruva-na-telefon-shto-mislite-koj-od-niv-se-vraboti-02.jpg

Кодекс на облекување и однесување е основно нешто, првиот впечаток, па дури и начинот на ракување или контактот со очи знае да пресуди за или против некој кандидат.

Другиот кандидат, кој беше облечен соодветно за интервју, пред да влезе доби важен повик, си седна и на сите ни гестикулираше со показалецот на уста да молчиме додека дозбори.

Неверојатно. Од култура го поминавме интервјуто со него, но секако не дојде во обѕир да го вработиме.

Мојата проценка беше дека типот со тренерките и патиките покажа повеќе почит и верувале или не, го примивме.

Кај нас е 8 месеци и одлично се снајде. Откако доволно се зближивме, му објаснивме за кодексот на облекување - патики си носи пак, ама барем не е во тренерки.

Имаше среќа што и покрај наметнатиот притисок од општеството, сепак не потпаднавме под влијание на првиот впечаток за изгледот да ни биде повеќе релевантен отколку неговата професионална компетенција.

Ама во секоја прилика го задеваме за тренерките и за лабавиот пристап на интервјуто.

Наравоучение: Секогаш трудете се да бидете облечени соодветно за на интервју, зашто не секој работодавач е способен да се „избори“ со предрасудите за изгледот или со вашата оригиналност и автентичност во стилот на облекување.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кара | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Ми се одмили Козјак за викенд, но бев во работен ден и беше идилично“ „Отидов после работа и на Козјак ме пречека спокој каков што не очекував. Немаше...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
Некогаш на учителките им носевме каранфили, денес ваучери за шопинг: Дали претеруваме за 8 Март? „Се сеќавам, кога бев во основноо, немаше натпревар кој ќе ѝ купи поубав или пос...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg