За мојот поранешен најдобар другар - те сакам, ама веќе не ми се допаѓаш како личност
До вчера можев да кажам дека имав најдобар другар со кој се дружам 15 години. Денес веќе не - пријателството „умре“. Ама, веќе неколку месеци и го очекував тоа.

За мојот поранешен најдобар другар:
Те сакам, ама мразам што се смени до непрепознатливост.
Те сакам, ама мразам што стана егоистичен - не беше таков.
Те сакам, ама мразам што со денови не враќаш на пораки или повици, само затоа што си „moodey“, па не ти се зборува со никој.
Те сакам, ама мразам што одеднаш немаш време за мене, затоа што знаеш дека со мене те чекаат „реални и тешки муабети“, а не сакаш да зборуваш за твоите лични проблеми.
Те сакам, ама мразам што избираш да имаш време за сите други - затоа што никој од нив не те прашува што те мачи и не чека искрен муабет наместо површен одговор.
Те сакам, ама мразам што одамна „те има“ само кога тебе ти треба пријател или некој да пополниш време, а не и кога јас сакам да се дружиме.
Те сакам, ама мразам што со месеци се вадиш на работа, обврски после работа, службени патувања - тоа не е изговор за една порака, ако ништо повеќе.
Те сакам, ама мразам што иако знаеш дека сум лута, упорно ставаш лајкови на моите фотки, како да сакаш да ја чуваш илузијата дека „сме океј“ и пријателството ни е како порано.
Те сакам - ама веќе не ми се допаѓаш како личност.
А. Ј. | Црнобело