„За најдобрите наставнички само вредни подароци“ - Kога стана нормално да ја купуваме наклонетоста на наставниците?

Нека ни е наздравје училишната година, ете ја, заврши, вака или онака, со препишување или без. Тоа значи дека пред нас се нови предизвици: „Што да им купиме на наставничките?“ Некогаш подарувавме цвеќе, сега буквално „вриштат“ Вибер групите на родителите, потресени мајки даваат предлози што би било најсоодветно да се подари на најдобрата наставничка.

za-najdobrite-nastavnichki-samo-vredni-podaroci-koga-stana-normalno-da-ja-kupuvame-naklonetosta-i-ljubovta-na-nastavnicite-001.jpg

Во среќните времиња за нас, децата од 80-те години, кога наставничката доделуваше свидетелство, ние ѝ подарувавме цвеќе, како убав гест, и тоа беше тоа.

Но, тоа, за жал, веќе е минато...

za-najdobrite-nastavnichki-samo-vredni-podaroci-koga-stana-normalno-da-ja-kupuvame-naklonetosta-i-ljubovta-na-nastavnicite-02_copy.jpg

Сега буквално „вриштат“ Вибер групите на родителите, потресени мајки даваат предлози што би било најсоодветно да се подари на „најдобрата“ наставничка.

Да не бидам погрешно сфатена, најдобрата е во наводници не затоа што наставничките не се добри, туку поради префорсирањето и лажната наклонетост од родителите, со цел токму нивното дете да биде најсакано од наставничката.

Предлозите за подароци се безмалку безобразни: рачен часовник, брендирана чанта со марама, златни обетки или бразлетна, ваучери од минимум 5.000 денари... Тотално несоодветно и „преусилено“, како да треба да ја купуваме наклонетоста или ангажираноста на наставниците.

za-najdobrite-nastavnichki-samo-vredni-podaroci-koga-stana-normalno-da-ja-kupuvame-naklonetosta-i-ljubovta-na-nastavnicite-03.jpg

Тие се просветни работници, даваат сè од себе да ги описменат децата и за тоа им симнувам капа.

Но, ни тие не сакаат и не очекуваат толку помпезни и скапи подароци.

Во некој момент имаше и регулатива според која просветен работник не смее да прими подарок во вредност поголема од 3.000 денари, но очигледно на некои родители тоа ништо не им значи, и покрај тоа што на наставникот можат да му предизвикаат проблем на работното место.

Мора да е скап и вреден подарок за најдобрите наставнички, за да го фаворизираат нивното дете.

Нормално, се појавува и по некој свесен родител, кој укажува на излишноста од такво „забегување', но верувајте, најчесто мнозинството победува. Ние што сакаме понормален подарок, даваме предлог книги како подарок и цвеќе, па веднаш сме обележани како скржави или родители кои не ја сакаат наставничката.

za-najdobrite-nastavnichki-samo-vredni-podaroci-koga-stana-normalno-da-ja-kupuvame-naklonetosta-i-ljubovta-na-nastavnicite-02.jpg

Во нашата Вибер група се изгласаа рачни часовници за двете наставнички! Бидејќи треба да се брендирани, сите треба да дадеме по 600 денари, за мајката што е најгласна и најмногу ја сака наставничката, да се ангажира лично и да го купи подарокот, а нејзината ќерка да го подари на наставничката.

И така полека си создаваме деца - снобови, паразити, деца кои очекуваат дека ако го дадат најскапиот и најубавиот подарок, ќе бидат сакани и привилегирани, деца кои нема никогаш да изградат добар однос заснован на почит со други деца, поради чувството на супериорност кое им се всадува уште од мали и секогаш ќе ги гледаат останатите како помалку вредни.

Исто како што прават нивните родители. Со умилкување и „лигавење“ ќе го туркаат образованието на своите деца.

Исто како годинава, со подарување часовници ќе ја мериме љубовта и вредноста, наместо времето.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кара | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Син ми носи само скапи патики, а не од пазар“ – останав без зборови по одговорот на сосетка во мал ... Додека го пиев кафето, го гледам детето како пресреќно си оди дома, скока од рад...
Вашите деца не се виновни за вашиот лош ден, фрустрациите, за вашето скршено срце Важно е да научите да се борите против заморот, тагата, стравовите и нерешените ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg