Другарка ми остана бремена, само за да направи забава за откривање на полот и мини свадба за прв роденден на синот

Неверојатно е колку модерното време ни ги промени животите. Сите оние кои се лесно подводливи и со слаб карактер, најмногу потпаднаа под влијанието на лажните животи на одредени личности на социјалните мрежи, но не во оној добар контекст во кој треба да ги користиме, туку на лош и тажен начин. Нека ми прости другарка ми ако се препознае, ама нејзиното однесување ми е главна инспирација за оваа тема.

drugarka-mi-se-omazi-i-ostana-bremena-samo-za-da-objavi-gender-reveal-na-instagram-a-prviot-rodenden-na-sinot-beshe-mini-svadba-01.jpg

Цел живот се знаеме, заедно пораснавме и никогаш немаше претензии да стане снобовска девојка. Но, со експанзијата на социјалните мрежи таа наместо да го гледа тоа како забава, почна да се дистанцира и да живее во виртуелен свет на совршенство. Примери ѝ беа светски и локални ѕвезди. И сè уште е така.

Мислев дека се шегува кога ми кажа дека едвај чека да се омажи и да остане бремена, за да може да направи Gender Reveal - забава за откривање на полот на бебето, за да ја објави на Инстаграм. Уште немажена, до каде ѝ отиде паметот и фантазијата.

И верувале или не, се омажи со бајковита свадба и остана бремена. И буквално живееше за моментот кога ќе го објави видеото од забавата. Но, тој тренд веќе секој втор го прифати и буквално остана разочарана што не паднаа во несвест сите пријатели на Инста.

drugarka-mi-se-omazi-i-ostana-bremena-samo-za-da-objavi-gender-reveal-na-instagram-a-prviot-rodenden-na-sinot-beshe-mini-svadba-02.jpg

Малиот „XXX“ се роди лани и сега наполни 1 година, а јас добив декорирана покана за неговиот роденден.

Блиски сме премногу, сè сум ѝ кажала и искрено се обидов да ја премислам, но таа беше решена дека ќе прави „фешта“ за првиот роденден.

Замислете, детето наполни 1 година!!! Цела 1 година и тоа е повод за прослава како мини свадба.

Декорации со Биби и Боби, бебето облечено во облека со ликовите од цртаниот филм, колачи, мафини и сокчиња налепени со ликот на славеникот (искрено, ова ми беше во најмала рака морничаво), торта голема колку мајката - секако со Биби и Боби.... и откако убаво анализирав што сè видов, сфатив дека:

- Нејзиното дете има 1 година и поим нема што се случува, ниту ќе памети;

- Другарка ми беше нервозна, бидејќи детето се вознемири кога го „нападнаа“ 75 луѓе да го гушкаат внесени во неговата фаца и цела вечер плачеше за да седи во скутот на мајка му, а таа во тесното бело фустанче од сатен, едвај си го држеше детето;

- Професионалниот фотограф мака мачеше за да фотографира, гостите си се изнасликаа, ама детето врескаше и на другарка ми ѝ пропадна планот за фотосесија, на која ќе бидат среќно семејство и цел Инста тоа ќе го види;

- Кога пробаа да се сликаат кај тортата, сфатија дека таа е поголема од детето и таа борба како да се наместат (не сакам да звучам злобно) ми стана дури и смешна;

- Среќа нејзина што се омажи за добар маж, стрплив, но и добро ситуиран. Не се богаташи, но имаат солидно за комотен живот. Затоа си дозволи да плати роденден на синот колку цела свадба, а сепак ништо од очекувањата не ѝ се исполни;

- Се надевам дека не очекувала вредноста на подароците да биде во согласност со гламурот кој проба да ни го продаде, затоа што никој не е будала да „инвестира“, наместо да подари нешто пригодно. Подароците вака од страна гледано ми личеа сосема нормални и тогаш ми стана јасно дека дури ни нејзините најблиски не наседнаа на бајковитиот роденден од многу илјади евра;

drugarka-mi-se-omazi-i-ostana-bremena-samo-za-da-objavi-gender-reveal-na-instagram-a-prviot-rodenden-na-sinot-beshe-mini-svadba-03.jpg

Којзнае што ќе подготви за вториот, треттиот или кој било следен роденден? Полуматура, матура, полнолетство?!?! Па, страв ми е да помислам што ќе има тогаш на ум, ако ова беше организација на прв роденден.

И после се чудиме дека децата ни се снобови, не знаат да играат, не знаат да се дружат, се делат по социјални класи во училиште, се потсмеваат на сиромашни или облечени во небрендирана облека, едноставно така почнува тој процес на упропастување на сопствените деца. Кога ќе пораснат, тие деца ќе го обликуваат општеството.

Стануваат самобендисани и дрски, и откако ќе ги навикнеме да имаат и да добиваат сè што ќе посакаат, тешко може да ги вратиме во нормален колосек. Тие немаат вистински желби. Имаат само време и кеш за да не дозволат некој да е пред нив и да има подобро или поубаво нешто.

Но, не се децата криви.

Криви сме ние родителите.

Крива е и другарка ми што посакуваше дете, само за да има повод за објава на Инстаграм.

За да добие аплауз и воодушевување од неважни луѓе на социјални мрежи.

До таму ли стигнавме?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кара | Црнобело / фото: depositphotos.com 

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg