„Ах, ми недостигаат времињата кога игравме штркот бара боја, грабни стапче и скокавме на јаже“

Некогаш на улиците имаше детска врева, игри, дружби, правевме торти од кал и игравме одбојка, народна и делфин, а денес има само натпревар за следбеници на ТикТок и за лајкови на Фејсбук... Се согласувате ли? 

nekogash-drugarite-ni-bea-verni-senki-sega-samo-sledbenici-na-socijalnite-mrezi-01.jpg

Другарство, тоа е таа нераскинлива врска меѓу две искрени детски души, кои знаат да делат сè... Ужинката за време на училишниот одмор, омилените играчки, радоста и тагата, насмевките и солзите.

Другарите се оние кои ни се први на ум штом слушнеме убава вест, оние на кои им носиме подарок додека сме на патување, другарите се тие кои ги знаат сите наши тајни, ни го повлекуваат лактот кога поминува нашата симпатија, ја ризикуваат својата оценка и прекор од наставникот, додека ни го шепкаат одговорот на второто прашање од тестот по биологија.

Другарите се тие кои се борат со сонот и чекаат часовникот да отчука полноќ за први да ни го честитаат роденденот. Детските другарства се најискрените, најневините, најубавите!

Нема помила слика од две деца, седнати на трева, како слатко се кикотат, како светот околу нив воопшто да не постои.

nekogash-na-ulicite-imashe-detska-vreva-i-pravevme-torti-od-kal-a-denes-ima-samo-natprevar-za-sledbenici-na-tiktok-02.jpg

Но, како што сè тече и сè се менува, така и она што некогаш беше искрено и невино, денес падна под влијание на социјалните мрежи, на сите аспекти на модерното живеење, остана заборавено во трката со времето и парите, па сè почесто и почесто сме сами, со стотици виртуелни пријатели, но никој покрај нас.

Без разлика на годините, од најмали до најстари, како да го заборавивме другарството, она искреното и наивното, и пријателството она подлабокото, зацврстено со доверба и безусловна помош. Во овој модерен свет, некогашните насмевки ги заменивме со емотикони, „да пукне“ со лајкови, а прегратките со коментари и ветувања за кафе, кои никогаш не се реализираат.

 „За пет минути сум кај тебе“ сега е заменето со она познатото: „Те барам (никогаш)“.

Некогаш се другаруваше искрено

Другарството некогаш значеше да се биде верна сенка на другиот, другарите беа неразделни како рака и ракавица, одеа во пакет како млеко и колачиња, само ноќта ги делеше.

Од рано наутро, па сè до првиот мрак, другарчињата беа заедно.

Се сеќавам, се чекавме за заедно да одиме на училиште, а нашите „фаќаа“ врски за да бидиме во истото одделение, а најголема неправда беше кога учителката ќе нè разделеше. А таа разделба, секоја на различен крај од училницата, беше за доброто на сите во неа, бидејќи нашите разговори, закачки и заразна смеа немаа крај.

На големиот одмор ја делевме ужинката, а потоа игравме ластик или брканица, а во врнежливите денови си ги запишувавме нашите тајни во споменарите, скриени од очите на другите.

После часови, или на улица, или во парк, или во двор, или на гости, од една во друга куќа, ама неразделни.

Немаше порано пораки и јавување, директно одевме дома кај другарите и ѕвоневме или поедноставно, стоевме под нивниот прозорец и го извикуваме нивното име на сиот глас.

Немаше потреба од покани и договарања, непишано правило, кој прв стане, го буди другиот.

Брзо поминуваа, чиниш, летаа часовите во друштво на нашите мали сродни души, игри, читање, планирање што ќе правиме кога ќе пораснеме, договори за летниот распуст и секако крадење цреши од дворот на соседите.

Сите го имавме тој еден најдобар другар или другарка, нашата верна сенка.

И секако, и родителите ни се познаваа. Најчесто беа од нашата улица или зграда, од маало или од училиште. Па, и после часови, секогаш заедно нè запишуваа на англиски јазик или на спортување.

Со мојата најдобра другарка, бевме заедно уште од забавиште, основно и средно, па дури на факултет, јас на новинарство, таа на правни науки, заедно на англиски и заедно на пливање.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...

Најчитани неделава