Цртани филмови што ќе им разбудат носталгија на сите што растеле во 90-тите – Се сеќавате ли на нив?

Ну, погоди зајец! – Колкумина од вас се сеќаваат на времињата кога на телевизија се емитуваа овие цртани?

crtani-filmovi-shto-kje-im-razbudat-nostalgija-na-site-shto-rastele-vo-90-tite-se-sekjavate-li-na-niv-01.jpg

Денешните деца живеат со авантурите на Paw Patrol, учат од Прасето Пепа, сакаат да имаат долга коса како Елза...

Гледаат цртани колку сакаат и кога сакаат. Имаат нови верзии на „Штрумфови“, „Пчеличката Маја“ и „Пожарникарот Сем“, но не знаат дека и ние пораснавме со тие цртани...

Се сеќавате ли на времето кога со нетрпение чекавме да дојде 7 часот навечер за да го изгледаме единствениот цртан и потоа да одиме да си легнеме?

crtani-filmovi-shto-kje-im-razbudat-nostalgija-na-site-shto-rastele-vo-90-tite-se-sekjavate-li-na-niv-02.jpg

Додека многумина се сеќаваат на класичните цртани како „Том и Џери“, „Балтазар“, „Штрумфови“, мора да се напомене дека во 90-тите во голем дел се емитуваа и цртани направени во Источна Европа, но и од други земји.

276-1.jpg

Во продолжение издвојуваме 3 цртани од тоа време што можеби сте ги подзаборавиле, но сигурно ќе ви разбудат носталгија:

Ну, погоди!

Колку од вас се сеќаваат на цртаниот во кој волкот упорно го бркаше зајачето, но не можеше да го фати, а по секој неуспешен обид извикуваше: „Ну, погоди, зајец!“?

Станува збор за советски, а подоцна и руски цртан филм, кој во 2014-та година беше прогласен за најдобра руска анимирана серија на сите времиња.

Првата епизода е снимена во далечната 1969-та година, а со овој цртан филм пораснаа голем број генерации.

Училиштен прибор

Детето легнува да спие, на масичката е неговата училишна чанта и штом се угаснат светилките приборот оживува.

Чехословачкиот цртан анимиран филм многу често беше емитуван на програмата на Македонската Телевизија, а ние како деца со воодушевување гледавме што прави нашиот училиштен прибор додека спиеме.

Што се случува во тревата?

За бубачките учевме со помош на цртаните филмови „Што се случува во тревата“. Станува збор за анимиран серијал кој потекнува од Италија, а низ 13-те епизоди како деца имавме можност да научиме што прави, црвот, комарецот, штурецот...

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
Враќање во 90-тите: Најдраматичните сцени во хит-серијата „Касандра“ Лажно обвинување за убиство, киднапирање, заменети идентитети, невозможна љубов,...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“ „Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина! - е најсмешната по...

Најчитани неделава