Како се менуваат работите...

Еден ден, дедото се шетал со внукот, а тој љубопитно го запрашал: „Дедо, колку си ти стар?“ Тој му одговорил: „Почекај да се сетам... кога јас се родив, никој немаше телевизор. Не постоеше замрзната храна, ниту пак микробранова печка.

kako-se-menuvaat-rabotite-01.jpg

Немаше антибеби пилули, ниту кредитни картички.

Никој немаше компјутер дома, мобилни телефони воопшто, по некој фиксен телефон.

Никој немаше машина за перење садови, а алиштата се сушеа надвор на жица на ветрот.

Секоја недела одевме во црква, во петок се јадеше риба, на скијање не сме носеле кацига и скафандер и мотор сме возеле без заштита.

Секоја недела дома се печеше колач, а купувавме слатки на парче за ситни пари.

Кока-кола купувавме за 15 денари, си игравме многу на снегот полуоблечени, а дома се греевме на дрва и јаглен.

Ретко кој имаше сопствен автомобил, а жените со возачка дозвола се броеја на прсти.

Детски градинки не постоеја. Немаше ни СИДА. Секое семејство живееше со бабата и дедото.

Made in Japan значеше евтино и неквалитетно, не се правеше разлика меѓу CD, DVD, mp3…

Шевролет средна класа чинеше 1500 евра, навечер заедно сите слушавме радио...

Што мислиш внучко, колку може да сум стар?“

Неверојатно, но, вистинито – јас имам 60 години!

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg