Како изгледаа свадбените фотки пред дигиталните апарати (и професионалните фотографи)?
Однапред испланирани фотосесии до најситниот детаљ, внимателно избрани локација и време кога ќе се фотографираат идните младенци... Вака некако изгледаат свадбените фотографии денес. Но, какви биле фотографиите од свадбите во минатото?
Денес за свадбената фотосесија многу младенци ангажираат по два и повеќе фотографи.
Истото важи и за самата свадба - младенците ангажираат и по двајца фотографи и неколку сниматели, за да го „фатат“ секој момент од свадбената церемонија, од веселбата, гостите, сечењето на тортата, фрлањето на бидермаерот, украсувањето...
Некои одат дотаму што создаваат и свој хаштаг и бараат од гостите да го користат за сите споделени фотки на социјалните мрежи, за да може да ја видат својата свадба од другата страна, низ очите на своите пријатели и роднини.
Но, како изгледаа свадбените фотографии пред појавата на професионалните фотографи, пред дигиталните апарати, во време кога младенците беа среќни ако добијат десетина фотки од свадбата?
Корисници на Редит споделија ретро свадбени фотки од нивните родители, баби и дедовци:
„Мајка ми и татко ми се венчаа во 1978 година. Таа уште го чува фустанот. А, и сама ја шиела облеката на татко ми“.
„Баба и дедо се венчале неколку месеци откако се запознале - нивните родители не биле среќни, ама тие се и денес во брак“.
„На свадбата, дедо ми на баба ми ѝ подарил златна белегзија со изгравирана порака ‘Ќе те сакам засекогаш’. Денес таа белегзија е моја“.
„Моите баба и дедо на нивната свадба“.
„Моите родители се запознале кога мајка ми дошла да работи како инженер ви институтот во кој татко ми ѝ бил шеф. Се заљубиле и неодамна прославија 48 години во брак“.
„Мајка ми на нејзината свадба“.
„Баба ми и дедо ми на денот на нивната свадба - фотката е стара повеќе од 100 години“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





