Драг сопругу, потребен ми е одмор понекогаш

drag-soprugu-potreben-mi-e-odmor-ponekogash-01.jpg

Драг сопругу,

Морам да ти го напишам тоа што често се борам да ти го објаснам, кога сум дома со нашето бебе.

Потребен ми е одмор понекогаш. И јас, како и ти, сакам нешто настрана од родителството. Но, тоа не ми е лесно во моментов.

Го хранам нашето бебе од моето тело. И го тешам со самото тоа што сум до него.

Едноставно, не можам да одам каде сакам и кога сакам. Оставањето на ќерката ми бара многу планирање за да стигнам дотаму и стрес кога сум таму.

Затоа што иако сум очајна за одмор, не сакам да пропуштам ниту миг со неа – комплицирано е.

Иако таа е своја личност, во овие први денови, месеци и години од нејзиниот живот ја чувствувам како продолжение на себе, и физички и емоционално.

Таа е толку мала и ја гледаш каква е кога ја напуштам собата, а потоа каква е кога се враќам. Вознемиреност, па смиреност.

Како што знаеш, јас сум таа што ѝ носи смиреност, јас и ти. Помислата да ја оставам на подолги периоди не ми изгледа правилна, иако другите ми велат дека „ќе биде добро за неа“ и мене.

И не сум ти лута на тебе, што ја доживуваш оваа фаза поинаку од мене, иако понекогаш знам да избувнам. Буквално, не постои место на светот на кое повеќе би сакала да бидам, отколку со нашето бебе, едноставно сум фрустрирана што воопшто ја немам опцијата за време за себе, на истиот начин на кој ти ја имаш.

И само на еден ден би било убаво да сум во твоите чевли, да ја имам опцијата за заминам и да се вратам без стрес.

Знам дека можеби ова ти нема смисла, дека моето однесување нема смисла, ова се емоциите што ги чувствувам. И ова е вистинско.

Но, знај дека целта не ми е да те оттурнам кога сум фрустрирана, туку сакам да се обидам да ти објаснам како е да се биде мајка на бебе.

Ти благодарам што продолжуваш да ме слушаш и што се обидуваш да ме разбереш, дури и кога јас не се разбирам.

Те молам, продолжи така, ми помага.

Извор

Би можело да ве интересира:

Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
Ако си мангуп и порачуваш скапи вина на групна кафеанска седенка, тогаш остави си плус пари како гос... Имате ли и вие некој Mистер Џек во друштвото што нарачува 5 вина од по 100 евра ...
„Не ја води секоја битка - замини за да се поштедиш себеси“ Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор. Зрелост е кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg