Мудра приказна: Вредноста на времето

mudra-prikazna-vrednosta-na-vremeto-povekjeЗамисли дека имаш сметка во банка, на која секое утро ти префлаат 86.400 евра. Меѓутоа, на сметката не се пренесува ништо од она што не било...


...потрошено и не останува да се користи следниот ден.

mudra-prikazna-vrednosta-na-vremeto

Секое утро, банката го брише оној дел кој не си го потрошил претходниот ден.

Што би направиле ако го знаете ова? Би потрошиле сè до цент нели?

Секој од нас има таква сметка во банка. Нејзиното име е „време“.

Секое утро ти дава 86.400 секунди. Секоја вечер ти се отпишуваат сите оние нешта кои не си ги направил во текот на денот.

Не се пренесува ништо од претходниот ден. Не дозволува пречекорување.

Ако не го искористиш својот депозит, загубата е само твоја. Не постои нешто што се вика „утре“. Мораш да живееш во сегашноста од денешниот депозит.

Вложи го за да извлечеш максимум здравје, среќа и успех.

Часовникот никогаш не застанува. Затоа искористи го овој ден.

  • Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една година, прашај студент кој не фатил услов.

  • Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на еден месец прашај мајка која родила бебе пред време.

  • Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една седмица, прашај уредник кој е одговорен за неделник.

  • Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на еден час, запрашај некој вљубен пар кој исчекува да се сретне.

  • Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една минута, прашај ја личноста која не стигнала да го фати возот на време.

  • Ако сакаш да ја сфатиш вредност на една секунда, прашај некого кој за малку избегнал несреќа.

  • Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една мили секунда, прашај ја личноста која освоила сребрен медал на Олимпијада.

Сигурни сме дека сфати. Искористи го максимално секој момент кој ти стои на располагање. Потроши го со личностите кои се вредни за да бидат дел од твоето време.

Би можело да ве интересира:

Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„За културниот сосед од 4-ти кат во мојата зграда во Скопје, ти благодарам што постоиш“ Колку и да се кратки и навидум безначајни тие куси средби со состанарите од згра...
Сања Савеска за CRNOBELO лексикон: „Во порака на Инстаграм ми пишаа: ‘Ќе се омажиш ли за мене?’“ „Заљубена бев во еден фудбалер и навивав за секој клуб каде играше тој“, напиша ...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
Моќна исповед: „По 40 години во училница, ученик ми рече дека ние не сме важни“ „Моите вечери некогаш мирисаа на хартија во боја, светки и лепак. Денес мирисаат...
„Не ја води секоја битка - замини за да се поштедиш себеси“ Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор. Зрелост е кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg