Александра Јанева за CRNOBELO лексикон: „Често се тепав со брат ми и децата од маало - си кубевме коси“
- Детали
- петок, 06 јуни 2025
„На моите родители им бил најголем стрес кога на 6-годишна возраст, после забавиште, сум одлучила да одам да си играм кај другарките без да се јавам на фиксен дома и ме немало 4-5 саати, а тие ме барале насекаде“ - напиша пејачката Александра Јанева во нашиот лексикон.
Александра Јанева важи за една од пејачките со најмоќен глас кај нас. Па вели, токму со него е поврзан и најсмешниот комплимент кој го добила во животот, кога ја прашале „дали гласот го вади од петите?“.
Александра се потпиша во нашиот лексикон и ни откри која е најголемата беља што ја направила, дали знае што прави денес нејзиниот прв симпатија, што си помислила после првиот бакнеж.
Прочитајте што напиша Александра во лексиконот на CRNOBELO.com:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Александра Јанева, имам многу прекари, но најоригинален е Глуварче ха, ха, ха.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Неодамна наполнив 30, родена сум на 25.05.1995 и во хороскоп сум Близнаци.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Немам една омилена песна, имам најмалку дваесет. А, во однос на пејачи периодов сум навлечена на Теди Свимс.
4. А омилена книга?
Немам.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Дензел Вашингтон, Ен Хетавеј, The Green Mile, Young Sheldon.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Не сум по спортовите баш, но ако се најдам во друштво на навивачка екипа давам силна поддршка. Инаку најмногу сакам да гледам уметничко лизгање на телевизија.
7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Немам милениче дома, а во двор во Струмица уште од детството чуваме мачки. Сега ја чуваме Маја.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добила на Инстаграм?
Веројатно некои неповрзани реченици што се случува да ги добијам понекогаш, но не можам конкретно да се сетам.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Прва желба ми беше да бидам глумица, а откако открив дека знам да пеам - пејачка.
10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Од алкохолните Whiskey sour, од неалкохолните Coca-Cola Zero, а од храна слатко-луто кинеско.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Гонце ми е најдобра другарка, се дружиме околу 15 години.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Бев одличен ученик постојано, а омилен предмет ми е засекогаш македонски јазик и литература.
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Мајка ми и татко ми.
14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?
Џери глувчето, ха, ха.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Најмногу сакав да скокам на ластик. Дури и дома, без ластик, импровизирано прескокнував комоди и гарнитури за да се усовршам во таа игра.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





