Александра Јанева за CRNOBELO лексикон: „Често се тепав со брат ми и децата од маало - си кубевме коси“
16. Најголема беља што си ја направила во детството?
Во моја глава воопшто не беше беља, но за моите родители било најголем стрес кога на 6-годишна возраст, после забавиште, сум одлучила да отидам на гости да си играм кај другарките без да се јавам на фиксен дома и ме немало 4-5 саати, а тие ме барале насекаде.
И откако ме најдоа и се вративме дома со татко ми, добро ме искара и тогаш сфатив што била бељата.
17. Дали некогаш си се степала?
Во детството многу често, најмногу со брат ми, но и со децата од маало. Се тепавме, си кубевме коси и се мававме со чевли, ха, ха.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Грицкањето нокти.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?
Во средношколските денови, дефинитивно.
20. Што немаш, а би сакала да имаш?
Густа коса.
21. Од што се плашиш?
Од загуба на близок човек.
22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Дете од забавиште. Не живее во Македонија, само толку знам.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Никогаш не сум откачила во кафеана, ама знам да се дерам на „Никој ме нема така љубено“ или „Оди ѕвездо“.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Меден месец на Малдиви.
25. Кое е најубавото место на светот?
Дома.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добила?
Гласот од петите ли го вадиш?!
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Нема таква, верувам дека сѐ се случува со причина.
28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Си помислив: „Пф, очекував повеќе“.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Од детскиот стомак, ха, ха.
Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?
Александра: Кој е најсмешниот коментар кој сте го прочитале под вашите објави?
CRNOBELO.com: Еден од последните коментари што нè насмеа и расположи сите, беше: „Џабе ѝ редеше срциња оној мојот“, на објава дека позната македонска инфлуенсерка се мажи.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





