Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија будалите“

„Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облеката, ги соблакував во другиот влез и шетав до сабајале“ - напиша актерката Сара Климоска во нашиот лексикон.

sara-klimoska-za-crnobelo-leksikon-vo-osnovno-bev-zlatno-dete-so-site-petki-a-vo-sredno-me-fatija-budalite-01.jpg

Сара Климоска последниве години го носи приматот на една од најдобрите млади актерки кај нас.

Доказ за тоа се и неколкуте улоги во филмовите на Милчо Манчевски („Врба“, „Кајмак“ и во претстојниот „Збогум Копакабано“, каде што ја има главната женска улога), улогата во регионалниот хит „Сенки над Балканот“, како и наградата на престижното Берлинале, за ѕвезда која допрва доаѓа.

А кога не снима, Сара обожава да се вози на својот мотор, за кој вели дека ѝ е најдобрата инвестиција во животот.

За тајната навика што ја има, а се надева дека никој не ја забележува, за првиот бакнеж и пријателите со кои се дружи над 13 години, таа ни откри во лексиконот на CRNOBELO.com:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Се викам Сара, а прекар ми е Саче, Сачка, Сашо, Сарица Царица и многу други.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп? 

Имам 31 година и сум Лав во хороскоп. Родена на 27.07.1994.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Во различен период имам различни омилени пејачи и песни. Баш се опседнувам. 

4. А омилена книга?

„Враќање во Реимс“ на Дидиери Ерибон.

sara-klimoska-za-crnobelo-leksikon-vo-osnovno-bev-zlatno-dete-so-site-petki-a-vo-sredno-me-fatija-budalite-04.jpg

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Глумец - Антони Хопкинс, глумица - Оливија Колман, филм - Leviathan, серија - Black Mirror.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Да не навлегуваме во спортовите.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Немам. Немам време за милениче.

8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добила на Инстаграм?

Имам многу чудни и смешни пораки на Инстаграм. Сигурно не е ова најинтересната, ама е меѓу последните.

Од рандом човек: „Добро утро Сара, јас сум спремен за на работа денес, те молам посакај ми среќа, ќе ми биде потребна среќа. Чао“. И навистина му посакав среќа, па тој ми пиша: „Фала, чао“. Толку.

sara-klimoska-za-crnobelo-leksikon-vo-osnovno-bev-zlatno-dete-so-site-petki-a-vo-sredno-me-fatija-budalite-08.jpg

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Зависи во која фаза. Ама најдолго траеше - танчарка.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Омилен пијалак - пиво. А храна - ептен си сакам лебче, такво бело, најосновно, иако не смеам да го јадам.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Тамара Ристоска и Дарко Набаков со кои во моментов сум на одмор во Грција. Се дружиме едно 13 години.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Во основно бев златно дете со сите петки и една од најдобрите во генерација. Во средно, ме фатија будалите и многу бегав од часови.

sara-klimoska-za-crnobelo-leksikon-vo-osnovno-bev-zlatno-dete-so-site-petki-a-vo-sredno-me-fatija-budalite-07.jpg

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Баба му на режисерот Радован Петровиќ.

14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?

Ликовите од Ice Аge или Moana.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Многу често си играв со топка. Било што со топка, а најчесто баскет.

sara-klimoska-za-crnobelo-leksikon-vo-osnovno-bev-zlatno-dete-so-site-petki-a-vo-sredno-me-fatija-budalite-02.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg