Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија будалите“
16. Најголема беља што си ја направила во детството?
Најголема не знам, ама лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облека, ги соблакував во другиот влез и шетав до сабајле.
17. Дали некогаш си се степала?
Ох, да. Неколкупати.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Се надевам буричкање во нос. Сите ја имаме, махинално.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?
Во матријархат.

20. Што немаш, а би сакала да имаш?
Во моментов, кола ми фали, немам. Прифаќам било каква, за основни потреби.
21. Од што се плашиш?
Имам фобија од улични глутници, од кога ме нападнаа пред неколку години.
22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
На првиот симпатија не ми текнува, ми текнува на првиот дечко со кој се држевме за рака - го викавме Бате, рафтафтафтаф. Така се смееше, затоа. И не знам ни каде е ни што прави, за жал.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
На Катјуша.

24. Најдобро потрошени пари во животот?
На мојот мотор и опремата за мотор.
25. Кое е најубавото место на светот?
Во својот дом, ако ти е убаво во него.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добила?
Колку си најубава на камера, ко ќе те види човек во живо, не личиш на себе...

27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Што воопшто некогаш почнав да пушам цигари.
28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Со Бате рафтафтафтаф? Мокра ми беше целата фаца и не знам на што мислев.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Од тоа што поцрвенував кога се срамев и сите знаеја.
Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?
Сара: Како си?
CRNOBELO.com: Одлично, многу расположено и насмеано откога ги прочитав(ме) сите твои одговори. Како си ти?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
