Татјана Стојановска за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам професорка кога ќе пораснам“
- Детали
- петок, 26 септември 2025
„Мој соученик од основно ми беше прв симпатија, но го немам видено од 8 одделение“ - напиша во нашиот лексикон Татјана Стојановска.

1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Татјана Стојановска, сите ме викаат Тања, а моите родители и роднини Тање.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Имам 50 години. Родена сум на 13 ноември 1974 и сум Скорпија во хороскоп, а во подзнак Лав.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Имам повеќе омилени песни. Пејач Тоше Проески, пејачка Калиопи.

4. А омилена книга?
Сите книги на српската авторка Јелена Бачиќ Алимпиќ.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Глумица Моника Белучи, глумец Џорџ Клуни, серија „Два и пол мажи“, филм „Малена“.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Сакам да гледам уметничко лизгање и синхроно пливање.
А навивам за репрезентациите на Македонија во сите спортови.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Немам милениче.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добила на Инстаграм?
Добивам понекогаш пораки од непознати кои ме прашуваат за тоа кој број и бренд ми е карминот што сум го носела на вести или број на фарбата за коса итн.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Сакав да бидам професорка.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Пијалак: вода и пиво, морска храна.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Имам неколку другарки од средно со кои и ден денеска се дружам.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Бев одличен ученик, а омилен предмет ми беа македонски јазик и биологија.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Немам идоли.
14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?
Брзата птица итрица.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Ластик и плочка.

