Телото на мртвиот маж го чувала замрзнато 12 дена за да го доведе синот на тронот - Која е најмоќната султанка во Отоманското царство?
Кога Мурат седнал на тронот, Нурбану ја добила титулата валиде султан (мајка на султанот. И како валиде султан, нејзиното влијание било навистина значително - делумно преку контрола врз работите на палатата и харемот, а делумно преку нејзината соработка со големиот везир Мехмед Паша Соколовиќ.
Нурбану не настојувала целосно да ја преземе власта од султанот, но била негов моќен советник и така ја обликувала политиката на земјата.
Таа имала и голема дипломатска моќ, особено во нејзините односи со Венеција.
Постојат документи кои потврдуваат дека Венеција испраќала подароци до Нурбану за да одржува тајни контакти со тамошните дипломати.
Нурбану често ја поддржувала политиката блиска до Венеција, што довело до критики од страна на нејзините ривали.
Сето ова ја прави Нурбану многу повеќе од само мајка на султанот - таа била мост помеѓу харемот и надворешната политика, жена која користела мрежи, интриги и лични врски за да ја зајакне својата позиција.
Нурбану
Еден од највидливите придонеси на султанка Нурбану се гледа во архитектурата и нејзиното доброчинителство.
Додека била жива, таа се посветила на изградбата на џамијата Атик Валиде во Ускудар (Истанбул), дизајнирана од познатиот архитект Мимар Синан.
Комплексот вклучува џамија, медреса, имарет (кујна за сиромашни), амам (турска бања), училиште и болница.
Изградила и амами и фондации во различни делови на Истанбул, како и библиотека со што ја зголемила двојно традиционалната улога на валидата во општествените и религиозни дела.
Нејзиното наследство довело до тоа што името Нурбану и денес се споменува во историските водичи за Истанбул и во студиите за отоманската култура.
Џамијата Атик Валид
Покрај потврдените историски факти, името на султанката Нурбану е опкружено и со интересни легенди.
Според една од нив, таа го поседувала познатиот прстен со огромен смарагд во облик на солза, кој некогаш ѝ припаѓал на султаната Хурем, што укажува на континуитетот на моќта на женските фигури на дворот.
Се верува и дека Нурбану издавала тајни наредби, регрутирала сојузници во харемот и дворот и често користела разузнавачки мрежи.
Нурбану починала на 7 декември 1583 година во Истанбул и била погребана до нејзиниот сопруг Селим II во комплексот Аја Софија.
Остаток од амамите што ги изградила
Постои сомневање дека била отруена од нејзините противници, иако нема сигурни историски докази за овие тврдења.
Нејзиниот син, султанот Мурат III, го придружувал ковчегот на мајкаси до џамијата, што бил знак на големо почитување и не било вообичаена практика во тоа време.
Во културна смисла, ликот на Нурбану Султана послужил како инспирација за многу романи, телевизиски серии и уметнички дела. Серијата „Сулејман Величествениот“ дополнително го зацврсти нејзиниот статус во колективното сеќавање на Турците.
Сцена од серијата „Сулејман Величенствениот“
А. Ј. | Црнобело