Телото на мртвиот маж го чувала замрзнато 12 дена за да го доведе синот на тронот - Која е најмоќната султанка во Отоманското царство?

Согласно древниот обичај на династиите, Нурбану Султан наредила да бидат убиени четирите малолетни синови на нејзиниот сопруг, кој ги имал од врските со конкубините, за да не пробаат да седнат на престолот кој го сакала за својот син.

teloto-na-mrtviot-mazh-go-chuvala-zamrznato-12-dena-za-da-go-dovede-sinot-na-tronot-koja-e-najmokjnata-sultanka-vo-otomanskoto-carstvo-01.jpg

Нурбану Султан (1525 -1583) била една од најмоќните жени во Отоманската империја, во периодот познат како „Султанат на жените“, кога мајките на султаните и другите жени од палатата имале влијание во политиката.

Покрај тоа што била главна сопруга на султанот Селим II (хасеки султан), таа подоцна станала и валиде султан (мајка на владетелот), кога нејзиниот син Мурат III седнал на престолот.

Нурбану значи „царица која свети со Божја светлина“, а името ѝ го дала султанката Хурем, која ја назначила за конкубина на нејзиниот син Селим.

Иако нема точни податоци за нејзиното потекло, се верува дека е родена како Сесилија Вениер Бафо и дека потекнува од благородничко венецијанско семејство.

Други тврдат дека имала грчко потекло, од Крф, и дека нејзиното име било Кале Картану, додека трета теорија го нагласува еврејскиот идентитет - дека е родена како Рахела.

teloto-na-mrtviot-mazh-go-chuvala-zamrznato-12-dena-za-da-go-dovede-sinot-na-tronot-koja-e-najmokjnata-sultanka-vo-otomanskoto-carstvo-03.jpgНурбану

Според најпознатата легенда, таа била киднапирана од брод во медитеранските води и донесена на турскиот двор под мистериозни околности.

Таа, наводно морала да учи јазици, да се прилагоди на протоколите и да стигне до својата позиција преку лукавство и мудрост.

Нурбану почнала врска со принцот Селим, син на Сулејман Величествениот и Хурем, додека тој служел во Маниса. Добиле три ќерки: Гевхерхан, Шах и Исмихан, и синот Мурат III, кој подоцна станал султан.

Откако седнал на престолот, Селим одржувал односи со други конкубини, кои му родиле уште пет кнежевски синови (почитувајќи го принципот една конкубина - еден син), но за време на неговиот живот го назначил Мурат за свој наследник.

И покрај многуте конкубини, Селим ѝ бил најмногу наклонет на Нурбану поради нејзината убавина, интелигенција и способноста да го советува за важни државни прашања.

teloto-na-mrtviot-mazh-go-chuvala-zamrznato-12-dena-za-da-go-dovede-sinot-na-tronot-koja-e-najmokjnata-sultanka-vo-otomanskoto-carstvo-05.jpgСелим II

Кога Селим, кој го носел прекарот mest (алкохоличар), станал султан во 1566 година, на Нурбану ѝ била дадена титулата хасеки султан, што ѝ дало повисок статус меѓу жените на султанот.

Некои извори наведуваат дека султанот и формално се оженил со Нурбану, со што го признал нејзиниот статус како законска сопруга, а не само како конкубина.

Во овој период, Нурбану почнала да ги користи своите врски за да влијае на одлуките на Селим, и често го советувала за воени, дипломатски и административни прашања.

Кога султанот Селим II починал во 1574 година, Мурат III го наследил престолот.

Во тој момент, Нурбану брзо и мудро интервенирала при транзицијата на власта - таа наредила телото на нејзиниот сопруг да се стави во мраз, криејќи го 12 дена, за да го организира доаѓањето на Мурат од Маниса во Истанбул, за да седне на тронот, притоа спречувајќи некој друг да го заземе престолот.

Во исто време, во согласност со древниот обичај на династиите, наредила четирите малолетни синови на Селим да бидат убиени (петтиот починал пред неговиот татко).

teloto-na-mrtviot-mazh-go-chuvala-zamrznato-12-dena-za-da-go-dovede-sinot-na-tronot-koja-e-najmokjnata-sultanka-vo-otomanskoto-carstvo-04.jpgНурбану

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Бев во болница во туристичко место во Македонија со синот - докторите ни се злато“ За жал, завршив на дежурство во туристичко место во Македонија поради интензивен...
Сања Савеска за CRNOBELO лексикон: „Во порака на Инстаграм ми пишаа: ‘Ќе се омажиш ли за мене?’“ „Заљубена бев во еден фудбалер и навивав за секој клуб каде играше тој“, напиша ...
Девојко, внимавај за кого се мажиш - тоа е најголемата грешка што можеш да ја направиш во животот Не е важно колку е голема куќата или колку пари имаш на сметка - вистинската бор...
„Мојата жена нема да оди на работа - твоето место е дома!“ Ви се случило ли да влезете во врска каде што тој заработува помалку од вас? Или...
Кога си го пронајдов вистинскиот маж, животот стана полесен - дури и кога бури беснеат Тој е маж што го сака домот, маж за кој замислата за среќа е да минува време со ...

Најчитани неделава