Брат, плачат ли бе маживе во Македонија?

brat-plachat-li-be-mazhive-vo-makedonija-01.jpg

Порано брат, цврст како карпа. А бе мене ништо не ме допирало.

Не дека не сум се грижел, не дека не ми било тешко, ама мене солза да ми видиш немало, може на 6 години последен пат кога го рокнав коленото и ми кажаа: „Фудбал – јок во животот“.

Сега? Сега, брат јас сум ти дождовна година.

Сега, ист татко ми.

И тој беше карпа цел живот ама кога ѝ се наближи на 70-тата, а бе почна да заплакува и за тоа што пилето паднало од гранчето.

И се чудев јас. Како ваква промена? Од човек карпа, сега треба да го тешам. Липа дури на моменти, гледам и се чудам.

И мене ми дојде ова 3 децении порано од него.

Е убаво викаат, не се чуди или смеј, ќе те стигне.

И ме стигна!

brat-plachat-li-be-mazhive-vo-makedonija-02.jpg

Вчера слушав за туѓа судбина, за туѓа трагедија. И држев, држев, држев. Ама дома сум се исплакал како мало дете.

Не, една скришна солза брат, а бе си течат, река. И не можам да прекинам.

И зошто, како, нефер, животче што ти е, како е можно, денес постои сè за што веруваш дека ти е загарантирано, утре само пепел.

Само пепел брат и болни сеќавања.

И си плачам, срце ме стега и сум станал емпатичен до ниво на сосеткана од 3-ти што ја слушам како липа на турски серии, кога ќе ја остави вратата од балкон отворена.

И за првпат во живот чувствувам и бес и слабост и немоќ и сите негативни емоции натоварени на мене за судбина што не е моја. Но, за судбина што така силно ме погоди, што жена ми почна да вика по мене – Ало, собери се!

И ќе се соберам брат, ама веќе не сум карпата што бев некогаш, некако немам имунитет на туѓа болка.

Ме болат туѓите маки.

Пи*ка ли станав брат или добро е човек да чувствува, сочувствува и да си oлесни.

А бе брат, плачат ли маживе во Македонија? 

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Брат | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава