Кога си го пронајдов вистинскиот маж, животот стана полесен - дури и кога бури беснеат

Тој е маж што го сака домот, маж за кој замислата за среќа е да минува време со своето семејство. Нему не му требаат спектакли и огномети за да биде задоволен од животот. Нему му е потребно, ние, блиските да сме му здрави и кога вели „Јас сум среќен, кога ти си среќна“ јас искрено му верувам.

koga-si-go-pronajdov-vistinskiot-mazh-zhivotot-stana-polesen-drugi-i-koga-buri-besneat-01.jpg

Велат како знаеш дека си го пронашла вистинскиот...?

Јас не знам како другите знаат, но јас едноставно знаев. Тоа беше тоа, за првпат можев да замислам животот со некого, старост со некого, деца со некого.

Почувствував желба самата да се скротам.

И не бев ничиј проект, тој не кажа јас ќе те скротам, дојде природно.

Тој не сакаше да ме врзе за себе, како некои, туку ме врза спонтано со самото тоа што беше тоа што е.

Беше природен, искрен, зрачеше со смиреност, сталоженост, некако со него работите беа лесни.

Без драма, без форсирање на работите, беше дозата на смиреност која мене ми беше потребна, буквално донесе мир во мене.

А во мене?

Јас сум личност во која бури беснеат. Јас сум личност која не мирува. Не дека смислувам лоши сценарија, оптимист сум во душа, но смислувам сценарија.

Секогаш мора да се случува нешто, секогаш мора да грабам, да креирам, да направам, да се случува нешто.

Но, тој? Тој ме научи на убавината на тоа само да постоиш некогаш.

Тој е маж што го сака домот, ја сака неговата топлина, маж за кој замислата за среќа е да минува време со своето семејство.

Нему не му требаат спектакли и огномети за да биде задоволен од животот. Нему му е потребно, ние, блиските да сме му здрави и кога вели „Јас сум среќен, кога ти си среќна“ јас искрено верувам во тоа.

Едноставно го чувствувам тоа. И таа негова скромност ме плени.

И не дека не знае да сонува, сонуваме големи соништа заедно, но ги реализираме некако без притисоци, туку природно сè во свое време.

И коцките сами си се редат и и мене започна да ми се допаѓа таа леснотија на постоењето.

Со него не губам време да се објаснувам, ме сфаќа, ја сфаќа мојата природа и карактер и едновремено ми е сидро и крилја.

Кога е тешко ме подига, кога летам во облаци ме стабилизира. Буквално е вистинскиот за мене, затоа што и кога бури беснеат – со него животот е полесен.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава