„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат имав свој покрив над главата, без некој да ме малтретира. Никогаш претходно не сум почувствувал таков мир. Бев среќен што конечно си заминав од дома, од менталитетот, од сè... И можев да сонувам!“

Стефан Симиќ, српски писател, си ја разголе душата и се потсети на студентските денови во објава на својот Фејсбук профил.
Вели дека тогаш имал малку, но добил слобода да сонува големо и бил среќен.
Неговата објава во која многумина ќе се пронајдат:
„Имав 20 години.
Добив соба во студентски дом.
Купив евтин чајник и во самопослуга кекс.
Баба ми ми испрати џем.
Го гледав снегот како паѓа.
Првпат имав свој покрив над главата,
без некој да ме малтретира.
Никогаш претходно не сум почувствувал таков мир.

Собата беше мала, премала,
но доволна за соништа,
и за да се напишат првите текстови и приказни.
Никого не познавав.
Никој не ми доаѓаше.
Само седев покрај радијаторот што грееше,
и гледав во таванот, па низ прозорецот,
завиткан во ќебе.
Среќен што конечно си заминав од дома,
од менталитетот,
од сè.
И зачекорив во некаков нов живот,
во кој сум и сега.
Тогаш се родив по вторпат.
Можеби во џебот немав ни 1.000 денари,
но имав слобода,
и целиот свет беше мој.
