„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“

„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат имав свој покрив над главата, без некој да ме малтретира. Никогаш претходно не сум почувствувал таков мир. Бев среќен што конечно си заминав од дома, од менталитетот, од сè... И можев да сонувам!“

imav-20-godini-dobiv-soba-vo-studentski-dom-nemav-ni-1-000-denari-vo-djeb-no-bev-srekjen-01.jpg

Стефан Симиќ, српски писател, си ја разголе душата и се потсети на студентските денови во објава на својот Фејсбук профил.

Вели дека тогаш имал малку, но добил слобода да сонува големо и бил среќен.

Неговата објава во која многумина ќе се пронајдат:

„Имав 20 години.
Добив соба во студентски дом.

Купив евтин чајник и во самопослуга кекс.
Баба ми ми испрати џем.

Го гледав снегот како паѓа.
Првпат имав свој покрив над главата,
без некој да ме малтретира.

Никогаш претходно не сум почувствувал таков мир.

imav-20-godini-dobiv-soba-vo-studentski-dom-nemav-ni-1-000-denari-vo-djeb-no-bev-srekjen-03.jpg

Собата беше мала, премала,
но доволна за соништа,
и за да се напишат првите текстови и приказни.

Никого не познавав.
Никој не ми доаѓаше.

Само седев покрај радијаторот што грееше,
и гледав во таванот, па низ прозорецот,
завиткан во ќебе.

Среќен што конечно си заминав од дома,
од менталитетот,
од сè.

И зачекорив во некаков нов живот,
во кој сум и сега.

Тогаш се родив по вторпат.
Можеби во џебот немав ни 1.000 денари,
но имав слобода,
и целиот свет беше мој.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg