„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“

Сите мои најмили беа живи,
дедо и баба особено.
За среќа малку е потребно.
На некого му е потребен автомобил и уште илјада некакви чуда,
а мене само таа мала соба,
и студентската менза,
и сите тие драги, а непознати луѓе,
што доаѓаат и минуваат покрај мене.
А јас не морам да ги запознаам
за да ги сакам.
Никогаш не сум чувствувал поголема благодарност,
како кога, по бродолом,
ќе се докопаш до копно,
или, по затвор – до слобода.
Дотогаш мислев дека сè убаво му се случува на некој друг.
И му се случуваше, а мене ме одминуваше.
Тогаш првпат го почувствував животот,
и тоа дека сум сам во голем град,
и дека никој не ми стои над глава,
и дека можам по свое.
Дури тогаш.
И тоа трае и понатаму.
И понатаму.
И понатаму“.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
