CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идол“
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Хикап од How to Train Your Dragon.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
GTA Vice City, Red Alert, Battlefield 2
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Кршење прозор со топка во основното училиште каде што учев од прво до четврто.
Галоски со Армин Ван Бурен
17. Дали некогаш си се степал?
Како деца од тие детските кавги да, нo повеќето биле детски кавги, на крај ќе направиш „смир - смир”.
18. Што правиш во слободно време?
Никогаш не научив да одговорам на ова прашање. Oд дете сум workaholic и имам битки сам со себе што не знам како да ги објаснам.
Mоментот кога не работам мислам дека сум депресивен, веројатно поради тоа што така израснав - максимално посветен на работа за музика и сè околу музичката индустрија.
Ако дојде до слободно време некогаш, тоа е дефинитивно да се повозам или изгледам некој филм.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Во времето кога бил жив Никола Тесла – некаде околу 1900-тата.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Повеќе слободно време, се надевам дека годинава ќе научам како да го балансирам времето.

21. Од што се плашиш?
Од земјотрес и пожар.
22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Пенелопе Круз ја сакав како мал. Моментално не знам каде е, не ја ни следам на Инстаграм ха, ха.

23. На која песна откачуваш во кафеана?
Се знае, на „Бисер балкански“.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Купената авио карта до Токио.

25. Кое е најубавото место на светот?
Дома! Од кал да е дома си е дома, барем срцево така вика.
Ако веќе треба да е нешто од страна, Јапонија - неспоредливо со ништо од тоа што го имам видено во светов.
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Галоски: Дали ако CRNOBELO беше тајна служба ќе се викаше „Црнобело“ или „Бело на видело“?
CRNOBELO.com: Многу си блиску, ама пссст, не смееме да ти откриеме. Хинт: Нешто помеѓу (wo)Men in Black и 007.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
