Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја наша песна“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Не паметам баш ама може да сум скршил некој прозор со топка или слично. Не бев бељаџија.
17. Дали некогаш си се степал?
И тоа исто така не е мој свет. Како и денес, таков сум бил и како мал.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Дека сум без ориентација за време кога сум затворен во мојот свет.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Би сакал да бидат тоа 60-ти, 70-ти и 80-ти години, ретро години на убава музика и филмови. Подруг живот.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Повеќе часови во денот.
21. Од што се плашиш?
Што би рекол Дац - од тоа што луѓето ќе кажат. И од некои типични човечки стравови.

22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Уф, имам периоди со црни дупки кои не ги памтам баш.
На детали од детство и ликови послабо се сеќавам, но секојдневно ќе се појави некој што ќе ме потсети.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
? Знае тоа да биде различна песна кога ќе ме погоди во различно расположение.
Обично од Тома некоја знае да има таков ефект или некоја македонска староградска.
Убаво е кога ќе засвират и некоја наша песна, ама малку ми е незгодно тогаш.

24. Најдобро потрошени пари во животот?
Сигурно за музика и музикалии, студиски работи.
25. Кое е најубавото место на светот?
Дома.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добил?
Не ми текнува на смешни, баш ќе го прашам Сашко Коцев да ми даде некој таков, ха, ха.

27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Политички кампањи и политика. Со годините и зрелоста сфатив дека мојот свет е музиката и сиот народ како публика.
28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Дека сум го освоил светот.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Кога ме закачаа децата што пеам и снимам музика и се појавувам на ТВ, бидејќи почнав од многу мал со естрада.

Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Александар: Каков белег оставил Александар Митевски во својата 30 годишна музичка и естрадна кариера и по што ќе се памти?
CRNOBELO.com: Ќе се налутиш ако прво ти одговорам од лично име (Андријана) и каков белег остави на мене? Ќе те паметам како првиот пејач со кого направив интервју во кариерата, уште во 1997 година, како човекот што ме запозна со Дуле и Коки, и прв ми отвори нова врата во новинарството.
А што се однесува до твоето 30-годишно „наследство“ и белегот што го остави, од каде да почнеме - од „100% фанки“, „Кометал шампионе“ или „Латино ЦД“? За оние што не знаат дека ти стоиш зад легендарната „Виолина и гитара“ ова нека биде уште еден потсетник за трајните вредности... Дали е доволно за почеток?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
