Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја чекавме на радио
Семејната трпеза беше место за вистинска поврзаност
Секој оброк се јадеше заедно, се разговараше, се расправаше, но значеше и дека меѓу сите членови на семејството има голема блискост.
Денес работите се поинакви, па во многу семејства секој јаде кога ќе стигне, децата добиваат телефон во рака за да бидат мирни додека јадат заедно со возрасните, а дури и сите да седнат заедно на трпезата, секој сака што побрзо да заврши и да стане за да си продолжи со своите обврски.
Почитувањето на повозрасните беше правило, а не избор
Кажувањето „добар ден“ на повозрасна личност не беше опција, туку навика. Викавме „извини“, „догледање“, „ви благодарам“.
Многу деца денес како да не ги научиле за овие вредности - а треба, нели?

Реалниот свет беше повозбудлив од виртуелниот
Мирисот на лето, возење велосипед до доцна, аудио-касета што се премотува со молив, деновите поминати кај баба и дедо на село се спомени што не бледеат.
А исти такви спомени има ретко кое дете денес.
Паѓањето е нормален дел од растењето
Кога растевме, никој не трчаше веднаш да нè заштити, туку сами учевме како да се исправиме.
Ова важи и за паѓањето на улица, но и за непријатностите кога комунициравме со другите деца.
Денес, децата како да не множат да се справат сами со проблемите, па родителот (или најблиските) веднаш притрчуваат во помош.
Тоа може и да е кога ќе паднат од велосипед, но и кога професорот ќе ги искара или ќе им стави послаба оценка, па тие сметаат дека треба да се „пресметаат“ со нив, наместо да ги остават децата да извлечат поука од ситуацијата.
„Никој не смее да го кара моето дете“ е принципот по кој се водат денешните родители (и е сосема спротивен на она што нивните родители го правеле кога тие биле ученици).

Приватноста вредеше многу
Растевме во време кога не се споделуваше секој момент од животот со цел свет.
А денес тоа најмногу се прави за лајкови и популарност на социјалните мрежи.
А. Ј. | Црнобело
