Мудра приказна: Богатство, љубов или успех?

mudra-prikazna-bogatstvo-ljubov-ili-uspeh

Некоја жена си ја поливала градината, кога здогледала тројца старци пред вратата. Ги повикала па им рекла: Мислам дека не ве познавам, но изгледате како да сте гладни.

Ве молам влезете внатре да ви дадам да каснете нешто. Тие ја запрашале:

- Дали е вашиот сопруг дома?

- Не, одговорила жената, не е.

- Тогаш ќе мораме да си одиме.

Кога се вратил сопругот дома жената му раскажала што се случило. Тој и рекол да ги најде да ги повика сега на вечера.

Жената ги пронашла и ги повикала да им се придружат.

- Жал ни е, не можеме да ја прифатиме вашата љубезна покана, рекле старците.

- Зошто не? Прашала жената изненадено.

Еден од старците покажал на другиот и рекол: Неговото име е богатство. Потоа покажал на другиот: Неговото име е успех. А, јас сум Љубов.

Сега појдете кај сопругот и одлучете се кој од нас сакате да дојде.

Жената се вратила дома и му раскажала се на мажот.

- Супер, и рекол тој. Викни го Богатство за да не спаси од сиромаштијава.

Жената не била задоволна со предлогот: А, зошто да не го викнеме Успех?

Разговорот го слушнала нивната ќерка и воодушевена им рекла:

-  А зошто не го повикате Љубов? Нашиот дом така секогаш ќе биде среќен!

Ја послушале ќерката па жената отишла да го повика старецот Љубов.

Љубов седел во инвалидска количка па заедно со неа се одвел до нивната куќа.

Другите двајца старци тргнале по нив.

Жената се изненадила: А, зошто доаѓаат и они кога ние те повикавме само тебе?

Тие во еден глас одговориле:

- Да ги повикаше Богатство или Успех, другите двајца ќе си одеа. Но, ти го повика Љубов, а кај оди тој ние го следиме!

Таму каде што има љубов, секогаш доаѓаат успесите и богатството!

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
Игор Џамбазов како 24-годишно момче, Каролина со тренди фризура во 1999-та: Ретро насловни страници ... 1990-тите и 2000-те беа време кога фотките за насловна се правеа со апарат со фи...
„Мојата жена нема да оди на работа - твоето место е дома!“ Ви се случило ли да влезете во врска каде што тој заработува помалку од вас? Или...
Што сакаат жените, кога велат дека веќе не сакаат ништо (од вас)? Под влијание на емоциите, жените можат да донесат непромислени и неразбирливи од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg