Мудра приказна: Задржете ја виљушката, најдоброто допрва доаѓа

mudra-prikazna-zadrzete-ja-viljuskata-najdobroto-doprva-doagja

На една млада калуѓерка и била дијагностицирана тешка болест, а за живот и останале само уше 3 месеци. Бидејќи се решила „да ги среди“ работите пред смртта, го повикала старешината за да го запознае со деталите врзани за нејзината последна желба.

Му кажала која песна сака да ја пее на нејзиниот погреб, во која облека да биде закопана. Откако се договориле и старешината тргнал да си оди, таа се сетила на уште нешто што и било многу важно.

„Има уште една работа“ – рекла таа возбудено.

„Што е тоа?“ – прашал старешината.

„Ова е многу важно! Сакам да бидам закопана со виљушка во десната рака!!!“

Старешината гледал во младата сестра не знаејќи што да и каже.

„Тоа ве изненади, зар не?“ – прашала таа.

„Па, да бидам искрен збунет сум од ова барање“ – одговорил старешината.

Младата сестра му објаснила:

„Мојата баба ми раскажа една приказна и од тогаш секогаш ја прераскажувам на другите. Се обидувам да ја пренесам истата порака на оние кои ги сакам и на кои им треба охрабрување. Во сите овие години откако ги посетувам христијанските дружења и се радувам на повиците за оброци, се сеќавам какво е чувството откако ќе седнеме на масата и некој ќе дошепнеше: ЗАДРЖИ ЈА ВИЉУШКАТА! Тоа ми беше омилен дел од дружењето затоа што знаев дека ќе дојде нешто подобро, нешто како десерт – солена торта или овошен колач. Нешто прекрасно и вкусно.

Затоа би сакала кога ќе ме видат луѓето на погребот со десната рака, да се запрашаат што значи оваа виљушка. Така ќе им порачам: задржете ја својата виљушка – најдоброто допрва доаѓа!

Очите на старешината се исполниле со солзи радосници и ја прегрнал пред да си оди. Знаел дека тоа е можеби за последен па да ја види жива, но исто така знаел дека и нејзината слика за новиот свет е појасна од неговата. Имала јасна и цврста слика за разлика од многу постари и поискусни од неа. Таа знаела дека следи нешто подобро.

Кога луѓето проаѓале на нејзиниот погреб ја забележале виљушката. И секогаш од почеток старешината го слушал прашање: Што значи оваа виљушка?

И секој пат, тој се насмевнувал. За време на погребниот говор на присутните им го прераскажал разговорот кој го водел со сестрата пред нејзината смрт. Им објаснил и што значи виљушката. Старешината на присутните им рекол дека не може да престане да размислува на виљушката, а и дека е уверен дека истото ќе им се случи и нив. И бил во право.

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg