Приказна: Зошто кучињата живеат пократко од луѓето?

prikazna-zosto-kucinjata-ziveat-pokratko-od-lugjeto

Оваа приказна нам ни ги насолзи очите, а сметаме дека е доволно вредна и да се сподели со сите вас...

Како ветеринар ме повикаа да прегледам едно 10 години старо куче, кое се викаше Бак. Неговите стопани и нивното дете Марко, беа многу приврзани за кучето и се надеваа на чудо.

Го прегледав Бак, и открив дека умира од рак. Беше пред умирање. Имаше уште неколку часови живот.Гледајќи го семејството како жали по кучето, ми го стегна грлото, но си помислив дали момчето Марко воопшто знае што се случува со неговото куче.

Наскоро,кучето Бак мирно почина. А Марко изгледаше многу смирен, изгледаше дека многу лесно ја прифаќа смртта на кучето.
Седнавме заедно некое време по смртта на Бак, и размислувавме гласно, зошто кучињата живеат пократко од луѓето.
Марко,к ој слушаше тивко, наеднаш извика, “Јас знам зошто.“

Наеднаш, сите се свртевме кон него. Следното што го кажа Марко ме запрепасти.
Не сум слушнал подобро објаснување. Ми го промени начинот на размислување во животот.

Тој рече „Луѓето се раѓаат за да научат како да живеат добар живот – како да ги сакаш сите и да бидеш фин, така?“ продолжи Марко,

„Па, кучињата веќе знаат како да го прават тоа, па затоа не треба да живеат толку долго...“

Запомнете,од куче може да научите некои работи:

- Кога саканите ќе пристигнат дома, секогаш истрчајте да ги пречекате.
- Никогаш не пропуштајте прилика да одите на прошетка.
- Секогаш уживајте во свежиот воздух и убавото сонце.
- Дозволете си да дремнете.
- Истегнете се пред да станете.
- Трчајте, скокајте и играјте секојдневно.
- Уживајте на тревата и под сенките во топлите денови.
- Кога сте среќни, уживајте.
- Бидете верни.
- Никогаш не се преправајте да бидете нешто што не сте.
- Ако тоа што го сакате е закопано,копајте ,додека не го пронајдете.
- Ако некој имал лош ден, бидете тивки, седнете блиску, и галете ги нежно.
- Бидете со оние кои ве исполнуваат, животот е прекраток за да бидете се освен среќни. Да паѓате доле е дел од ЖИВОТОТ... Да се научите да станувате е ЖИВЕЕЊЕ..

Извор

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg