Првото писмо до мојата мајка

Наменето за сите сегашни и идни мајки:

prvoto-pismo-do-mojata-majka

Поминаа само неколку дена откако се запознавме. Всушност, кога подобро ќе размислам, нашето запознавање почна многу, многу порано. Веќе 9 месеци секојдневно се чувствуваме еден со друг: ти моите движења, јас твојата загриженост, незадоволство, лутина, среќа, спокој.

Сега конечно се сретнавме. Дали средбата со мене по малку те разочара? Признавам, јас не сум буцкасто, синооко, бело и русокосо бебе како што ги гледаш на телевизија. Не сум такво, но сум твое бебе и од сега го започнуваме заедничкиот живот.

Време е да почнеме да се запознаваме. Пред нас е долг период во кој ќе се откриваме еден со друг. Мора да бидеме трпеливи. Понекогаш нема да го разбереш моето плачење. Може и ќе се налутиш. Понекогаш ќе се осетиш и крива затоа што не си во состојба веднаш да ме разбереш. Те молам, имај трпение. За две личности да се поврзат, потребни се денови, месеци, години...

Јас тебе ќе те запознаам преку топлината која зрачи од твоите раце, прегратката, гласот. Преку тебе ќе го запознаам целиот свет.

Првите месеци ти ќе бидеш целиот мој свет. Ако ме земеш во раце, прави го тоа топло. На некои бебиња им требаат десетина минути за да ја намалат гладта, на други многу повеќе. Запознај го мојот ритам. Кратко потпирање на твоите гради ми значи исто колку млекото кое ми го даваш. Ако ме храниш со лажичка, немој да ми даваш преку оградата од креветчето. Можеби така е наједноставно, но мене си ми потребна баш ти- топлината која зрачи од твојата прегратка.

Кога ќе дојдеме дома првите денови ќе има многу луѓе околу нас. Особено жени кои секогаш знаат многу повеќе за бебињата. Но, и покрај тоа, дозволи му на татко ми да биде покрај мене. Тој можеби е неспретен во ставање пелени, но ова нема да ми пречи. Многу е важно тој да ме запозна од тие први денови и сите заедно колку може побрзо да станеме семејство.

Ако дома ме чека уште едно мало суштество, тоа секако ги комплицира работите. Особено за тебе која мораш да се бориш со неговата љубомора, незадоволство и бес. Љубомората е тешко искуство и не може да ја снема преку ноќ. Потруди се грижата околу мене да ја поделиш со тоа мало суштество. Бидете со мене заедно. Дозволи да ти помага. Ќе ти оди побавно, но тоа е единствен начин да не зближиш и да се прифатиме и засакаме.

Ќе има многу проблеми. Никој никогаш не учел како да биде добар и успешен родител. А, тоа е нешто кое секој го сака. Првиот чекор во тоа учење е твојата спремност да ме чуеш, запознаеш и прифатиш.

А, јас на твојата љубов ќе одговарам со насмевки, слатки бакнежи и неспретни цртежи.

Мамо, те сакам.

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg