10 детски заповеди за родителите

Посветено за сите сегашни и идни родители кои се дел од оваа прекрасна улога.

10-detski-zapovedi-za-roditelite

Да се биде родител е нешто скапоцено и преубаво, но да се знае како да се однесувате со децата е вистинска умешност.

Ова се десетте детски заповеди за родителите:

1. Моите  раце се мали. Ве молам не очекувајте од мене совршенство кога го местам креветот, цртам, ја фрлам топката... Моите нозе се кратки, ве молам забавете за да можам да ве следам во чекор.

2. Моите очи не гледаат како вашите; пуштете ме ве молам, малку да истражувам. Не ме ограничувајте беспотребно.

3. Работата секогаш ќе ви биде тука, а јас ќе бидам мал само кратко. Затоа, одвојте време трпеливо да ме чувате и да ме научите на светот кој ме окружува.

4. Моите чувства се нежни, ве молам имајте обзир кон моите потреби. Немојте да ме критикувате цел ден. Однесувајте се со мене онака како што би сакале да се однесуваат со вас.

5. Јас сум посебен подарок. Ве молам ценете ме како што заслужувам. Пуштете ме да бидам одговорен за она што го правам. Водете ме и дисциплинирајте ме со љубов и трпение.

6. Ми треба вашата поддршка за да растам и се развивам. Пазете како ме навредувате. Осудувајте ги моите грешки, не мене.

7. Пуштете ме сам да одлучувам за себе. Дозволете ми да погрешам за да можам да научам од сопствените решки. Така еден ден ќе бидам подготвен да донесувам одлуки во животот.

8. Ве молам немојте да работите место мене. Така ќе се чувствувам како да не сум ги исполнил вашите очекувања. Знам дека тоа е тешко. И немојте да ме споредувате со братот, или сестрата.

9. Немојте да се плашите да отидете некаде на викенд без мене. Понекогаш на децата им треба слободен викенд од своите родители, исто како што и на нив им треба одмор од децата. Освен тоа, сакам да видам дека сè уште се сакате и посветувате внимание на бракот.

10. Ве молам, сакајте ме и кога ќе ги изневерам вашите очекувања!

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg