Писмо од родителите
Ова е за сите кои имате родители, за сите оние кои се родители, за сите кои ја почувствувале убавината на родителската поврзаност со детето...

Драг/а сине/ќерко:
- Сега уште не сум остарен, а кога ќе ме видиш таков, биди трпелив со мене и пробај да ме разбереш.
- Ако се накапам додека јадам, и ако сам не можам да се облечам, биди трпелив со мене. Сети се на часовите кои ги имам потрошено додека јас те научив на сето ова.
- И ако во разговор повторувам исти работи повторно и повторно, немој да ме прекинуваш, слушај ме. Кога беше мал, морав исти работи да ти ги кажувам по сто пати.
- Ако не сакам да се мијам и капам, не ме исмејувај и не ме вреѓај, сети се како морав да те молам и убедувам за да те однесам во купатило.
- Кога ќе видиш дека не ја познавам новата технологија и не се снаоѓам, дај ми време и немој да ми се потсмеваш, бидејќи јас тебе те научив на многу работи: правилно да јадеш, правилно да се облекуваш и да се соочуваш со животот.
- Ако некогаш во разговор заборавам, или ја изгубам мислата, дај ми малку време да се присетам и ако не можам немој да ми се потсмеваш, зошто мене не ми е најважната работа на светот нашиот разговор, туку да бидам со тебе и да знаеш да ме слушаш.
- Ако не сакам да јадам, немој да ме присилуваш, сам знам кога ми е потребна храна.
- Кога старите нозе нема да можат да ме држат и нема да можам да одам, подај ми рака исто онака како кога јас тебе ти ја подавав раката кога прв пат проодуваше.
- И ако ти кажам дека не сакам да живеам, сакам да умрам, немој да ми се лутиш. Еден ден ќе ме разбереш.
- Еднаш ќе сфатиш дека сите мои грешки и строгост кон тебе, биле направени само затоа што сум ти сакал сè најдобро и да те подготвам за понатамошниот дел од животот.
- Не ме ожалостувај, не лути се и не се чувствувај беспомошно кога ќе ме гледаш таков покрај себе. Биди покрај мене и пробај да ме разбереш и помогни ми исто така како што јас ти помогнав кога почна да живееш.
- Биди ми потпора, помогни ми да го завршам ова патување со љубов и трпение. Јас ќе ти вратам со насмевка и неизмерна љубов како и секогаш.
Те сакам сине/ќерко.
Би можело да ве интересира:
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена)
Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в...
„Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“
Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“
Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа...
„Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
