Зграпчи го животот...

Мојот пријател отвори една од кутиите кои и припаѓаа на неговата жена. Извади една ќеса завиткана во хартија и рече:

zgrapci-go-zivotot

- Ова не е било што, ова е нешто посебно. Ја одвитка кесата од хартијата и длабоко се загледа во прекрасниот фустан од свила кој беше во неа.
- Таа го купи фустанот, кога прв пат бевме во Њујорк пред осум години. Никогаш не го употреби. Го чуваше за некој „посебен момент. Јас мислам дека сега е погоден момент за тоа.

Се доближи до креветот и го остави фустанот покрај другата гардероба, што ќе ја има таа на погребот. Неговата жена почина. Се сврте кон мене и ми рече:

- Не чувај никогаш ништо за некој посебен момент. Секој момент во животот е посебно значаен.

Сè уште мислам на неговите зборови...тие го променија мојот живот.

  • ЈАС читам повеќе, чистам помалку.
  • Седам на тераса и уживам во пејзажот, и не ми сметаат лисјата во дворот. 
  • Поминувам повеќе време со најблиските, отколку на работа. Сфатив дека животот е всушност една целина исполнета со задоволства, а не курс за преживување.
  • Јас не чувам повеќе ништо. 
  • Ги употребувам моите кристални чаши секој ден. 
  • Ако сакам го облекувам моето ново одело кога одам во супермаркет. 
  • Не го чувам мојот најдобар парфем за специјални излегувања. Фразите „еден ден“ или „некој од следниве денои“ речиси изчезнаа од мојот речник. Ако е нешто вредно да се види, работи или слушне, тогаш јас сакам тоа да го видам, работам или слушнам. 


Сега не сум сигурен што би направила жената на мојот пријател, да знаела дека нема да биде овде утре. Мислам дека таа би била повеќе во контакт со нејзината фамилија, со нејзините најблиски пријатели. Можеби би им се јавила на своите стари пријатели и би ги замолила за прошка за некои недоразбирања, и би се помирила со нив. Верувам дека би отишла да јаде во кинески ресторан, тоа беше нејзината најомилена храна.

Ми пречи кога не би им се јавил на пријателите, на кои „еден ден“ би планирал да им се јавам. Ми пречи и ме растажува кога не би им кажал на моите родители, пријатели дека ги сакам со сето срце.

Сега се трудам да не задоцнам, и секој ден си кажувам на себе си дека секој ден може да биде последниот ден од мојот живот.

Секој ден е посебен...

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg