Приказна - Куќа од злато

Еден човек за време на златната грозница решил да го продаде целиот свој имот за да купи опрема за копање злато и да обезбеди храна заовој потфат.

prikazna-kukja-od-zlato

Отишол во планините заедно со другите копачи и тргнал во потрага по златото.

Деновите поминувале, а тој не пронашол ниту трошка злато. Поминувале месеци и години, а тој станувал се посиримашен и посиромашен, за на крајот да остане без ништо. Разочаран после се, решил да отиде во едно напуштено место, каде што останале некои празни бараки и таму да умре.

Бидејќи се чувствувал многу осамено на тоа пусто и тмурно место, одлучил да отиде некаде во природа. Стигнал до еден поток, кој течел покрај прекрасна ливада до која се протегала шума. Тука застанал и набљудувајќи ја оваа прекрасна природа одлучил тука да си направи мала куќичка.

Бидејќи врмето било топло, ископал дупка покрај потокот и почнал да прави цигли од таа земја и да ги суши на сонцето. Од нив подоцна ја изградил куќичката на средина од пољаната.

Дошла зима, а тој онака изморен и разочаран, умрел од студ и глад.

Од тогаш поминало многу време. Еден млад брачен пар решил да го купи тој плац и да си изгради куќа на него бидејќи пределот многу им се допаднал. Изградиле куќа, но им пречела неугледната куќарка од старецот на средината од ливадата, па решиле да ја срушат. Кога почнале да ја рушат, забележале дека во циглите нешто светка на сонцето. Однеле една цигла на анализа и ја откриле причината за светкањето, златото во неа.

Местото од каде што била вадена земјата за тие цигли било богато наоѓалиште на злато. На тоа место подоцна е отворен еден од најголемите рудници за злато.

Замислете колку еден човек може да биде слеп покрај очи и да не го види богатството кое толку долго го барал. Човекот умрел од глад и студ во куќа од злато.

Затоа ве молиме, немојте и вие да бидете слепи. Отворете ги очите!

Погледнете околу себе!

Би можело да ве интересира:

Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...
Запознав лице со оштетен вид во воз накај Битола - од неговата приказна разбрав со колкави проблеми ... На многу мала возраст му бил дијагностициран дијабетес. Неговите родители правел...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Стојам пред полицата со ајвар во маркетот и се сеќавам на времето кога со баба ми правевме зимница“ Се сеќавам на времето кога со баба ми правевме зимница. Есен, веќе почнуваше да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg