Приказна – Работите не се секогаш онакви какви што изгледаат

Два ангела патници застанале да преноќат во куќата на едно многу имотно семејство. Семејството било негостопримливо и не им одобрило да се сместат во гостинската соба од нивната вила.

prikazna-rabotite-ne-se-sekogas-onakvi-kakvi-sto-izgledaat

Наместо тоа им дале мал простор во студениот подрум од нивната куќа. Додека ги местеле постелите на подот, постариот ангел здогледал една пукнатина во ѕидот и ја поправил.

Кога помладиот ангел го запрашал зошто го сторил тоа, постариот одговорил, „Работите не се секогаш онакви како што ни се чини.“

Следната ноќ, ангелите дошле да преноќат во куќата на еден многу сиромашен пар, но мажот и неговата жена биле многу гостољубиви.

Откако со нив го поделиле она малку храна што ја имале, брачниот пар им дозволил на ангелите да спијат во нивниот кревет каде што ќе можат добро да се одморат. Кога следниот ден се разбудиле, ангелите ги нашле домаќините како плачат. Единствената крава која што ја имале, чие млеко било единствен извор за нивната храна и приход, лежела мртва на пољаната.

Помладиот ангел бил лут и го запрашал постариот, „Како можеше да дозволиш тоа да се случи? Првиот човек имаше сè, а ти му помогна и му ја поправи дупката во неговиот ѕид, второто семејство имаше толку малку, а беше подготвено да подели сè и ти дозволи да им умре кравата.“

„Работите не се секогаш онакви какви што ни се чинат“ одговорил постариот ангел.

„Кога бевме во подрумот на онаа вила, забележав дека во пукнатината на ѕидот е сокриено злато. Со оглед дека сопственикот беше опседнат со пари, ја затворив пукнатината за да не може да го пронајде златото.“

„Синоќа, додека спиевме во креветот на сиромашното семејство, ангелот на смртта дојде по жената на овој селанец, а јас му ја дадов кравата.

Значи, работите не се секогаш онакви какви што ни се чинат“

Што мислите Вие?

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
„Не ја води секоја битка - замини за да се поштедиш себеси“ Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор. Зрелост е кога...
„Мојата жена нема да оди на работа - твоето место е дома!“ Ви се случило ли да влезете во врска каде што тој заработува помалку од вас? Или...
Вчера се вратив во Скопје - Зошто засекогаш ќе останам турист кој „трча“ за да искуси сè од дестинац... Не сум јас човек кој некогаш би си кажал: „Леле, што убаво се наспав и одморив н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg