48 важни нешта кои ги научив за животот

Ова се неколкуте најважни лекции кои секој од нас ги научил на потежок или полесен начин, во текот на животот.

48-vazni-nesta-koi-gi-nauciv-za-zivotot-1

- Не можете да ги промените другите луѓе и би било непристојно доколку се обидете.

- Ако зборувате за некој кој не го познавате многу добро, може да разговарате со некој кој знае многу повеќе од вас за тоа што го зборувате.

- Секој сака кога некој друг ја кажува својата поента кратко и брзо.

- Лошото расположение ќе дојде и ќе помине, а вашите обиди за да го избегнете ќе направат само да трае подолго.

- Децата се неверојатно искрени суштества, додека ние самите не ги научиме да не бидат.

- Ако во реалното ТВ шоу сите се совршени, не вреди да се гледа.

- Викањето секогаш ги прави работите полоши.

48-vazni-nesta-koi-gi-nauciv-za-zivotot-2

- Кога и да сте загрижени што другите мислат за вас, тогаш вие најмногу сте загрижени за она што вие самите го мислите за себе.

- Секој проблем што го имате е ваша одговорност, без разлика кој го предизвикал.

- Ако било кога се посомневате во она во што верувате, тогаш многу грешите.

- Никој не открил и разбрал сè.

- Секое лице кое сосема случајно ќе го сретнете има по некоја комплицирана случка во животот, речиси колку вашата.

- Пораките и цитатите на Ралф Валдо Емерсон ќе ве научат на сè што ви е потребно во животот врзано за благодетот и среќата.

- Кога луѓето се чувствуваат неудобно во ситуацијата во која се наоѓаат, нервозата ја искажуваат со движењата на дланките или пак со конфузните мисли.

- Оние кои најмногу се жалат, најчесто постигнуваат повеќе.

- Одбегнувањето на нештата во животот автоматски ги прави потешки и уште пострашни.

- Личностите кои не се плашат да бидат искрени, се ретки како дијаманти.

- Ако она што го правите делува како совршено безбедно, веројатно постои и друг, подобар начин да го направите.

- Најголемата иновација во човештвото е јазикот.

- Вината е омилена на оние кои не ја сакаат одговорноста.

- Сите кои ги запознавате во текот на животот, се подобри во нешто од вас.

- Знаењето е верување, ништо повеќе.

- Она што човекот го прави поразличен од животните е дека животните се единствените суштества кои однесуваат така какви што се.

- Кој и да си, еден ден ќе те снема. Да знаеш и да разбереш е она што те прави жив.

- Високиот квалитет е важен, без оглед во која количина или облик доаѓа.

- Светот ќе биде многу подобро место доколку сите читаат National Geographic.

- Ако не сте среќни самите со себе, тогаш нема да бидете среќни ни во врска.

Не пропуштајте ги останатите на следната страна...



Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg