За утре оставете го само она што би сакале...

Интересни факти: Пабло Пикасо

Пабло Пикасо бил шпански уметник кој отскокнувал далеку пред своето време. Дури и во осумдесетите години од својот живот сликал со енергија на младо момче. Се плашел единствено од смртта и затоа велел „За утре оставете го само она што би сакале да ви остане недовршено доколку умрете”.

za-utre-ostavete-go-samo-ona-sto-bi-sakale-2

Полното име и презиме на овој сликар било Pablo Diego José Francisco de Paula Juan Nepomuceno María de los Remedios Cipriano de la Santísima Trinidad Martyr Patricio Cito Ruíz y Picasso. Името го добил од разни роднини и светци, а презимето Пикасо го наследил од мајка му.

Кога се родил, бабицата го прогласила за мртов. Бил спасен од неговиот вујко, кој бил доктор по професија, кој му дувнал дим од цигара во лицето.

Првиот збор кој го изговорил бил “piz”, од “lápiz”, што е шпански збор за молив.

За цртањето почнал да се интересира околу 11тата година, под влијание на неговиот татко. Веќе на 13 години ја имал својата прва изложба.

На училиште не ја поднесувал бараната дисциплина, па затоа често бил казнуван. Пикасо има напишано: „Ме затвараа во една мала соба со бели ѕидови и клупа на која можев да седам. Беше прекрасно, бидејќи можев на мира да цртам по ѕидовите”.

Според Гинисовата книга на рекорди, има насликано околу 13.500 слики, 100.000 графики, 34.000 илустрации за книги и создал околу 300 скулптури.

Заедно со Џорџ Брак (Georges Braque) се основоположници на уметничкиот правец кубизам.

Во 1911, кога Мона Лиза е украдена од Лувр, Аполинер (Guillame Apollinare) го обвинил Пикасо за кражбата. Полицијата го привела, сослушала и пуштила на слобода.

Пикасо имал бурен и необичен живот, посебно кога се во прашање неговите љубовни врски. Жените му биле најголема инспирација. Секој негов модел, порано или подоцна завршувал и во неговиот кревет.

za-utre-ostavete-go-samo-ona-sto-bi-sakale

Два пати се женел, а имал и доста љубовници. Имал четири деца, а последното дете го добил во 68 година од животот.

Неговата прва љубов била Фернанда Оливие (Fernanda Olivier) која во 1903 година влегла во неговото студио, за да се скрие од дождот и останала таму се до 1912 година. Пикасо насликал околу 60 нејзини портрети.

После Фернанда, Пикасо се жени со балерината Олга Хохлова (Óльга Хóхлова). Со неа Пикасо добил син, но се разведуваат после 16 години брак.  Во тоа време бил заведен од облините на Мари Тереза Валтер, (Marie- Thérèse Walter), седумнаесет годишна девојка која му родила ќерка.

Кога ја запознал Дора Мар (Теодора Марковиќ) уметничка со француско-хрватско потекло, која се занимавала со фотографија, му здосадила Мари Тереза. Пикасо организирал двете ривалки да се сретнат во студиото. Нивните врисоци и тепачката ги памти како еден од најубавите моменти во својот живот.

Франсоа Жило (Franҫoise Gilot) била скоро 40 години помлада од Пикасо. Му родила 2 деца и единствена е од сите негови жени која го напуштила. Пикасо извикувал по неа “Ниту една жена не напушта човек како мене”. Таа ја напишала книгата “Животот со Пикасо”, која била бестселер. Пикасо го опишала како “индиферентен спрема останатите и премногу уверен во сопствената вредност”.

Жаклин Рок ( Jacqueline Roque) е последната љубов на Пикасо. Имал насликано околу 400 нејзини портрети.

Изложбата во Лувр во 1971 година е организирана во чест на неговиот 90 родеднен. Пред него ниту еден жив уметник немал своја изложба во овој музеј. Починал 2 години подоцна.

Според последните истражувања, Пикасо е уметник чии слики се најмногу крадени – дури 1147 слики.

Тринаесет непознати скици на портрети, повеќе од 60 години, стоеле во книгата на поетот Гонгоре (Luisa de Góngore), кои Пикасо и ги подарил на својата љубовница Дори Мар.

Би можело да ве интересира:

Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Чудотворни места во Македонија за жени кои не можат да забременат - Сливничкиот манастир, „трудното ... Многу легенди, митови и вистински приказни се раскажуваат и пренесуваат од ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg